Разлика помеѓу преработките на „Историја на Пиринска Македонија (1913 - 2005)“

с
Правописна исправка, replaced: се до → сè до (2)
с
с (Правописна исправка, replaced: се до → сè до (2))
 
==Појава на именувањето и терминот Пиринска Македонија==
 
Употребата на термиот Пиринска Македонија за првпат се среќава кај [[Димитар Влахов]], поточно во неговата статија „Македонските Славјани против Хитлер“, објавена во списанието „Славјане“ во [[Москва]] на [[4 септември]] [[1942]] година, а истиот термин од истиот автор повторно ќе биде употребен и во статијата „Македонскиот народ во борба за своето обединување“ што била објавена во истото списание на [[4 април]] [[1944]] година.<ref name="ReferenceA">Јотевски, Васил. ''Националната афирмација на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија 1944-1948''. ИНИ, Скопје, 1996. стр. 5</ref> Овие изрази што ги употребил [[Димитар Влахов]] во споменатите статии, биле прифатени и „верифицирани“ како такви, во материјалите од Второто (односно Првото вонредно) заседание на [[АСНОМ]] што било одржано во [[Скопје]] од 28 - 30 декември [[1944]], при што од тогаш па сесè до денес ќе се задржи именувањето [[Пиринска Македонија]] и соодветно Вардарска и Егејска за останатите делови на [[Македонија (регион)|Македонија]] во науката, дневниот печат, политиката, секојдневниот живот и културата.<ref name="ReferenceA"/>
 
== Македонско (Кресненско) востание ==
''Види [[Прва балканска војна]]''
 
По завршувањето на Балканските војни, [[Пиринска Македонија|Пиринскиот дел на Македонија]] заедно со [[Струмичко|Струмичката област]] влегуваат во составот на царството [[Царство Бугарија|Бугарија]]. Во рамки на Париската мировна конференција по завршетокот на Првата светска војна, со Нејскиот мировен договор од [[1919]] година, [[Царство Бугарија|Бугарија]] го отстапува [[Струмичко]] на кралството [[Кралство Југославија|Југославија]], при што Пиринскиот дел на Македонија ги добива границите во кои е определен сесè до денешни дни. Во периодот по Балканските и меѓу двете светски војни, врз основа на договорите за размена на население помеѓу [[Царство Бугарија|Бугарија]] и [[Кралство Грција|Грција]], значаен број на [[Македонци]] од [[Егејска Македонија]] се доселува во овие краишта. Исто така, во овој период [[ВМРО]] на [[Тодор Александров]], а подоцна и [[Ванчо Михајлов]], ја користат [[Пиринска Македонија]] како база и засолниште од каде често се уфрлуваат во [[Вардарска Македонија]] извршувајќи вооружени напади врз српската (југословенската) жандармерија (војска), како и врз населбите со српски доселеници - колонисти. Дејноста и организираноста на [[ВМРО]] на [[Тодор Александров]] и [[Ванчо Михајлов]] ќе бидат толку големи, што тие во [[Пиринска Македонија]] ќе воспостават своја независна власт, за што на крај ќе мора да интервенираат и официјалните бугарски власти под наредба на бугарскиот цар за нејзино отстранување.
 
== Пиринска Македонија во Втората светска војна ==