Држава: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Додадена категорија using AWB
с Правописна исправка, replaced: се до → сè до (2), се додека → сè додека
Ред 19:
 
Потеклото на државата се пронаоѓа во развојот на уметноста на војувањето. Историски гледано, нема никаква тешкотија во докажувањето дека сите модерни политички заедници го должат своето постоење на успешно војување. Како резултат, новите држави мораат да бидат организирани на воени принципи. Животот на новата заедница е военото сојузништво. Војската по природа е со натпреварувачки дух.
Од сите институции со кои се владеело во државите, кралството е најдолготрајна сесè до Француската револуција, која ставила крај на “божествените права на кралевите„. Меѓутоа [[кралството]] е можеби најуспешна политичка институција. Сепак, првите кралеви не биле институции, туку индивидуи. Првите кралеви биле успешни на воен план. Тие биле луѓе со не само голема воена генијалност, туку и одлични управници. Кралството станува институција преку наследувањето.
 
[[Кралот]] владее со кралството со помош на [[совет]]. Без совет кралот не може да ги држи своите територии. Советот е експертскиот тим на кралот. Советот е никулецот на уставната влада. Одамна пред советот да стане заштитник на демократијата, тој обезбедувал клучна помош на кралството како институција, преку:
Ред 51:
На крај доаѓа усвојувањето на законите или законодавството. Кога е брз напредокот и развојот, се воведува и побрз начин на политичко претставување. Методот не потекнува од примитивните општества, туку од потребата на Државата за пари и употребата на собранието за таа собирање на истите. Со напредокот на трговијата, градското собрание преминало во државното собрание па во парламент, кој се појавил низ цела [[Европа]] околу 12 век. Меѓутоа парламентот не го претставувал целосното благородништво и свештенство. Свештенството имало натрупано богатство во форма на земјиште, околу една петтина од вкупното христијанство во текот на 12 и 13 век. [[Црквата|Црква]] водела изолациона политика, таа го вовела целибатот и се тргнала настрана од секојдневниот живот, одбила да се изјасни пред секуларен суд, како и да плаќа даноци на државата под изговор дека, веќе има платено данок на [[Папата]]. Бидејќи главната задача на државното собрание било собирање на пари, Црквата не смеела да биде изоставена од него, па така и таа била приклучена кон [[Парламентот|Парламент]]. Тоа не ѝ се допаѓало на црквата, но во повеќето случаи нивното присуство било задолжително.
 
Средновековниот Парламент бил комплетиран кога ги претставувал сите лица во кралството:. благородници, свештеници, селани и занаетчии. Сепак,не бил омилена институција бидејќи значел даночење. Само оние парламенти, кои биле под силен притисок на кралот опстанале во текот на првиот век на нивното постоење. Најдобар доказ дека тоа е така, е фактот дека во оние земји, во кои кралството било слабо, парламентите престанале да постојат. Тврдењата дека парламентите биле резултат на демократски движења не можат да бидат поткрепени со факти. На почетокот, претставувањето во парламентот било поврзано единствено со пари, тоа било повеќе обврска отколку привилегија. Не е необично кога, институција создадена за една цел почнува да служи за друга. Луѓето од кои биле барани големи суми на пари почнувале да поднесуваат петиции. Наскоро, седниците ќе се претворат во преговори, и доделување на петиции од страна на кралот во замена за пари. Сепак, постоела два вида на петиции, приватни и јавни. Од јавните петиции потекнува правото и законодавството. Кралот можел да даде наредби за зачувување на територијалниот интегритет, но сесè додека овие кралски наредби не биле усогласени со јавните петиции не можело да се добие успешно законодавство. Дури до денес, тоа е основата на успешното законодавство: Јавниот обичај е усвоен и спроведен од државата
 
На почетокот на политичкото претставување, мнозинството не секогаш ги носело одлуките и постоела многу мала потреба за оспорување на изборите, но во 15 век, седиште во Парламентот било многу ценето. Историски гледано, догмата за рамноправноста меѓу луѓето е резултат на усвојувањето на практичната машинерија на мнозинството, но усвојувањето на принципот на мнозинство е исто така важен за создавањето на друга модерна институција: партискиот систем. [[Партискиот систем|Партиски систем]], е разработена машинерија во која учествуваат најмалку двајца политички кандидати, еден против друг за поддршка од гласачкото тело. Неговата предност односно рамномерната претставеност привлекла многу луѓе во политиката. Тој обезбедува ефективен критицизам на владата и дава шанса на многу амбициозни, образовани и богати луѓе да учествуваат во креирањето на постојана владина политика.нОвие три институции: политичко претставување, правилото за мнозинство и партискиот систем, се основните делови на модерната политичка машинерија и можат да се применат како во централните така и во локалните влади.
Ред 58:
[[Администрацијата]] е еден од најтешките аспекти на владата. Во усвојувањето и спроведувањето на законите, победата на државата е комплетна, но не и во поглед на администрацијата. Причина за ова е леснотијата да се забележи предноста на усвојувањето и спроведувањето на законите, но не и на управувањето со домашните, религиските и деловните работи, кои треба да бидат одржани на минимум од страна на владата. Државата, првично била воена организација. Тогаш тоа било само територија со која владеел крал, со помош на мала елитна група на војувачи и судски службеници. Во суштина тоа било насилно владеење со поголема маса на луѓе. Сепак, полека, луѓето стекнале политичко претставување. За никој не може да се каже дека е член на држава ако нема право да учествува во создавањето на насоката на политиката. Една од основните функции на државата во однос на управувањето е одржувањето на внатрешниот ред и мир, не постои друга причина за мешање во животот на населението. За одржување на законите и редот, Државата развива средства за комуникација. Историски, „кралскиот пат“ е поставен за служба на кралските војски, а не како поттик за трговија. Во скоро сите земји, државата љубоморно ги контролира средствата за комуникација и посебните слободи како оние во „првиот амандман од [[уставот на САД|устав на САД]]“ и најчесто истите се ограничени. Првичната функција на Државата - одржувањето на јавниот ред и мир во границите, го провоцира појавувањето на полициската администрација, која е задолжена за делење на правда, но полициската надлежност има посебен карактер, кој се разликува од обичното судско работење. Со „[[полицискиот час|полициски час]]“, државата ја покажува важноста на спречувањето на нередот. На почетокот, покрај грижата за редот и мирот, државата водела сметка и за зголемувањето на приходите. На крајот ова довело до модерен социјализам. Следело усвојување на стандарден систем на мерки, за на крај државата да добие монопол врз ковањето на пари. Регулирањето на работоспособното население од страна на државата, како една од нејзините функции потекнува од 15 век, кога скоро половина од населението во Европа било покосено од чума.
 
Тогашната политика на државата била да ги прескокне сите посредни власти и директно да се справува со поединецот. Така било сесè до книгата на Адам Смит - „Богатството на народите“, во која била промовирана силна реакција на јавноста против мешањето на државата во приватноста. Со своето дејствување, државата го истакна проблемот со сиромаштијата или им пружи помош на сиромашните. Секако, државата не ја создала сиромаштијата, но со уништувањето на постоечките средства кои се справувале со неа, како: селото, црквата и еснафот, таа ја преземала целосната одговорност кон сиромашните без никаква власт над истите. „Големиот извештај за законот за сиромаштијата“ од 1834 година покажал дека комунизмот бил неконтролирано присутен во руралните области на Англија. Во новоразвиените земји како британските колонии, Државата одбила да ја преземе одговорноста за сиромашните и помагањето на истите, и покрај тоа што сиромашната класа е тешко зависна од државниот [[социјализам]].
 
Политичкото претставување помогнало во обликувањето на државната администрација. Кога може да се слушне гласот на поединецот, тогаш се намалува опасноста од произволното мешање на државата. До тој степен е популарен порастот на државното дејствување. Не постојат цврсти и строги правила за ограничување на државното управување, но ќе бидеме во заблуда ако сметаме дека државата е нација и дека сè што прави државата не мора да е корисно за нацијата. На прво место, дури ни во модерните времиња, државата и нацијата не се идентични. Дури и таму каде што постои универзално право на глас, останува фактот дека ширењето на државната администрација означува зголемено влијание на едни врз други, со што се ограничува слободата на дејствување. И’ да се призне дека државата и нацијата се едно исто, понекогаш е тешко да се каже дека државното управување е добро. За крај, модерното недискриминаторно претставување на државната администрација ја крие заблудата дека државните службеници мораат да бидат поефикасни во нивното дејствување за разлика од приватните претпријатија. Тука лежи основната разлика помеѓу јавната и деловната администрација, првата се занимава јавната благосостојба, додека другата со профитот. Сепак и кај двете се бара големо степен на образование и етичко однесување со цел да се избегнат постоечките проблеми во врската помеѓу не само, бизнисите и работниците, туку и државата и администрацијата.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Држава