Депозит: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: и тн. → итн. using AWB
с Правописна исправка, replaced: се до → сè до , се додека → сè додека
Ред 21:
=== Штедни депозити ===
 
За разлика од трансакциските депозити, коишто служат за финансирање на тековните расходи, штедните депозити (''savings deposits'') ги претставуваат слободните парични средства на населението и правните лица. Овие парични средства вообичаено се чуваат за финансирање на идната [[потрошувачка]] или пак како резерва за покривање на непредвидените [[расходи]]. И штедните депозити можат да бидат по видување, макар што најголем дел од нив се орочени, при што рокот на орочување може да се движи од еден или неколку дена, преку повеќе месеци, па сесè до неколку години.
 
Имајќи предвид дека се работи за орочени депозити, тие носат далеку повисоки каматни стапки во споредба со трансакциските, коишто се движат дури и до 10% на денарските и 5% на девизните штедни влогови. Треба да се забележи дека сопствениците на штедните депозити се многу заинтересирани за приносот што го остваруваат на вложените парични средства, така што овие депозити се одликуваат со повисока каматна еластичност. Имено, во случај на пораст на каматните стапки, голема е веројатноста дека сопствениците на овие депозити ќе ги повлечат парите и ќе побараат поповолни можности за нивно [[Инвестиции|инвестирање]]. Тоа особено се однесува на правните лица и на крупните штедачи, додека искуството покажува дека ситните штедачи помалку реагираат на промените на каматните стапки. Оттука, наспроти фактот дека се работи за орочени депозити, еден дел од нив влегува во групата на нестабилни депозити.<ref>Горан Петревски, ''Управување со банките - второ издание'', Скопје: Економски факултет, 2011, стр. 235.</ref>
Ред 52:
== Систем на осигурување на депозити во Македонија ==
 
Со донесувањето на Законот за [[Народна банка на Република Македонија|Народна банка на Македонија]] од мај [[1993]] година, централната банка гарантираше за денарските штедни влогови на населението до износот од 10 000 германски марки во денарска противвредност. Во [[1996]] година, со измените на Законот за Народна банка, банките се задолжија да формираат Фонд за осигурување на штедни влогови, којшто беше основан во јануари [[1997]] година како акционерско друштво во сопственост на 17 банки и 15 [[Штедилница|штедилници]]. Во јуни [[2000]] година беше донесен посебен закон со кој се основа [[Фонд за осигурување на депозити]]. Тој е правен наследник на претходниот, само што се наоѓа во државна сопственост. Членството во Фондот е задолжително за сите депозитарни институции (17 банки и 8 штедилници на крајот на [[2010]] година), коишто се должни да плаќаат премии за осигурување во висина до 0,7% од износот на депозитите сесè додека средствата на фондот не достигнат 4% од вкупните штедни влогови на населението.
 
Фондот за осигурување на депозити ги штити само ситните штедачи, односно тој ги покрива само депозитите на населението, и тоа: денарските и девизните сметки, депозитите врзани за парични картички и девизните приливи на луѓето во банките. Притоа, со системот на осигурување не се опфатени: штедачите на кои им биле дадени привилегирани услови, сопствениците на најмалку 5% од [[Акција (финансии)|акциите]], членовите на органите на управување во банките и штедилниците, како и нивните најблиски роднини.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Депозит