Геотермална енергија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: локалитети → наоѓалишта (2)
с →‎top: Правописна исправка, replaced: се до → сè до
Ред 9:
Земјата дава во секој момент на својата површина одредена количина на енергија (околу 0,06 W/m<sup>2</sup>), така што зрачи околу 8∙1020 Ј/год., односно околу 20.109 тони нафта, или двапати повеќе од годишната потрошувачка на енергија во светот. Имајќи го предвид огромниот потенцијал на геотермалната енергија, логично е таа да се третира како обновлива, без разлика што таа по својот карактер е необновлива, бидејќи земјата неповратно се лади.
 
Геотермалните енергетски технологии ја користат топлината на земјата за директна употреба, геотермални пумпи и производство на [[електрична енергија]]. Истражувањето на развојот на геотермалните технологии оди во правец на намалување на трошоците и зголемување на нивната употреба. Изворите на геотермална енергија се движат од плитката земја и врелите извори на вода како и врели карпи пронајдени на неколку километри под земјината кора, сесè до подлабоките слоеви на Земјата во услови на екстремно високи температури и стопени карпи наречени магма.
 
Името „геотермална“ потекнува од двата грчки збора geo - земја и therme – топлина. Значи геотермалната енергија всушност значи топлина од земјата.