Влад Цепеш: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Надворешни врски: Додадена категорија
с Правописна исправка, replaced: се до → сè до (3), се додека → сè додека (2)
Ред 73:
Влад Цепеш планирал да направи заседа. Хамза Паша бегот од Никополис донел со себе 1 000 коњаници и кога го преминувал теснецот северно од Гиургиу, Влад го нападнал изненадно. Валахијците ги опколиле и ги поразиле турците. Турците биле речиси сите заробени и наиени на колци, но Хамза Паша избегал.
Во зимата 1462, Влад го преминал Дунав и ја опустошил областа меѓу Србија и Црното Море. Маскиран како турски спахија се инфилтрирал во отоманските кампови. Во писмо до Корвинус означено како 2 февруари тој напишал:
Убив селани мажи и жени, стари и млади, кои живеат кај Обучица и Ново Село, каде Дунав се влева во морето, сесè до Рахова, која е сместена близу Хилија, од долниот дел на Дунав сесè до местата како Самовит и Гиген. Убивме 23 884 турци без да ги броиме тие чии домови ги запаливме или турците чии глави беа отсечени од нашите војници... Така вашето височество треба да знае дека јас го прекршив мирот со него (султанот Мехмет II ).
Како одговор на тоа, султанот Мехмет II собрал војска од 60 000 војници и 30 000 резервисти и во 1462 се упатил кон Валахија. Мехмет бил пречекан од шума од колци на кои Влад набил 20 000 луѓе. Командувајќи само со 40 000 луѓе, Влад не бил во можност да ги запре отоманците од влегувањето во Валахија и окупирањето на главниот град Тарговиште. Постојано организирал мали напади и заседи за турците, како што е ноќниот напад кога биле убиени 15 000 турци.
Влад Трети ги поразил отоманските спахиски командири како Јусуф-бег, Турканбејоглу Омер-бег и Евренос-бег. Со ова го привлекол Мехмет II , кој тогаш го преминал Дунав.
Ред 98:
 
Постопено здобивајќи ја наклоноста на кралот Матиас, тој се оженил со Илона Шилаѓи, роднина на кралот, и во годините пред да биде конечно ослободен во 1474, тој живеел во куќа близу унгарскиот главен град.
Околу 1465, Илона му родила два сина: постариот се викал Влад Четврти Дракула, кој своето време го поминувал крај кралот и подоцна неуспешно пробал да го добие тронот на Валахија. Помладиот син, чие име е непознато живеел со бискупот на Орадеја во Трансилванија сесè до 1482, кога се разболел. Се вратил во Буда каде умрел во присуство на мајка му. Потомците на Влад и на Илона се омажиле и ожениле за унгарски аристократи.
 
== Трето владеење и смрт ==
 
На 26 ноември 1476, Високиот совет одлучил Влад да биде крунисан. Влад почнал да се подготвува за повторното освојување на Валахија и во 1476, со унгарска поддршка, ја нападнал земјата. Третото владеење на Влад траело не повеќе од 2 месеци кога бил убиен на бојното поле против отоманците близу Букурешт во 1476.
Бил вратен во Валахија и закопан. Во раните 1900-ти Влад бил откопан за истражување. Не пронашле ништо. Остатоците се пронајдени околу неговиот гроб и се сметало дека се на кнезот. Тој бил повторно закопан сесè додека не го откопале повторно години потоа. Неговиот гроб е пронајден уништен и немало остатоци. Другата теорија е дека Влад бил закопан во Снагов, островски манастир близу Букурешт.
 
== Наследство ==
Ред 109:
=== Методи на егзекуција ===
 
Кога дошол на власт, Влад владеел со намера да се одмазди на аристократите за убивањето на неговиот татко и најстар брат. Иако на Влад му требало цела декада за тоа, тој го исполнил заветот завршувајќи ја задачата на Велигден во 1457. Постарите аристократи и нивните семејства биле веднаш набиени на колци. Помалдите и поздравите благородници и нивните семејства биле однесени северно од Тарговиште кај руините од замокот Поиенари во планините над Аргеш, 40 милји северно Тарговиште. Влад бил решен да го ја изгради оваа древна тврдина како негово засолниште за да може да ги надгледува движењата на унгарците што доаѓаат низ Трансилванија и турците. Поробените аристократи и нивните семејства биле принудени да работаат додека не умрат, го граделе стариот замок со материјали од некоја руина што била близу него. Наводно тие работеле сесè додека алиштата не им отпаднале од телата и потоа морале да работаат голи. Никој не го преживеал градењето на замокот, а тие што не умреле од замор биле набиени на колци.
Преку неговото владеење Влад систематски ги истребил старите аристократи од Валахија. Старите аристократи нон-стоп ја поткопувале власта на кнезот за време на претходните владеења и биле одговорни за неколку преврати од минатото. Влад бил решен неговата моќ да биде со современа и темелна основа. Наместо егзекутираните аристократи Влад промовирал нови луѓе од селаните и средната класа, кои биле верни само на својот кнез.
Репутацијата на ВЛад била многу помрачна во Западна Европа отколку во Источна Европа и Романија. Славата на неговата суровост се ширела во форма на памфлет, сериозно претерана и промовирана од Матиас Корвинус. Матиас ја ширел репутацијата и кредибилитетот на Влад од политички причини: како објаснување зошто тој му помогнал на ВЛад во борбата против отоманците во 1462, за која намера тој добил пари од Католичките држави во Европа.