Британска Империја: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Губењето на тринаесетте американски колонии: Јазична исправка, replaced: протестантизмот → протестантството
с Правописна исправка, replaced: се до → сè до (7), се додека → сè додека
Ред 21:
Британската Империја се основала во времето кога Англија и Шкотска биле одделни кралства. Во 1496 година кралот Хенри VI, по успехот на Шпанија и Португалија во прекуморските истражувања, го назначил [[Џон Кабот]] за водач на патување на кое требало да се открие пат до Азија преку Атлантикот. Кабот започнал зо пловидба во 1497 година, пет години по откривањето на Америка, и иако тој успешно се закотвил на брегот на Њуфаундленд (грешно верувајќи, како Кристофер Колумбо, дека е во Азија), немало обиди за основање колонија. Наредната година, Кабот предводел уште едно патување во Америка, но никогаш повеќе не се слушнало ниту за него ниту за неговите бродови.
 
Немало нови обиди за основање англиски колонии во Америка сесè до средината на владеењето на Елизабета I, за време на последните децении од 16 век. Католичка Шпанија, поради протестантското преобратување, и станала непријател на Англија. Во 1562 година, англискиот двор ги задолжил Џон Хокинс и Френсис Дрејк, кои извршувале приватни работи, да започнат со напади за трговија со робови против шпанските и португалските бродови на брегот на Западна Африка со цел да се пробијат на атлансткиот систем за трговија. Ова бил неуспешен обид, и подоцна, со засилувањето на Англо-Саксонската војна, Елизабета им го дала својот благослов на други пиратски пљачкосувања на шпанските пристаништа во Америка кои се враќале преку Атлантикот полни со богатство од Новиот Свет. Истоверемено, влијателните писатели како Ричард Хакли и Џон Ди (кој прв го искористил називот Британска Империја) започнале да притискаат за основањето на Англиска империја. До тогаш Шпанија веќе навлегла во Америка, Португалија основала трговски места, како и тврдини на бреговите на Африка и Бразил па сесè до [[Кина]], а [[Франција]] започнала да се шири на Реката на Св Лоренс за подоцна ова место да го претвори во Нова Франција.
 
==Колонизацијата на Ирска==
Ред 32:
 
Во 1603 година, кралот Џејмс VI од Шкотска го зазел престолот на Англија и во 1604 година го склучил Лондонскиот Договор, со што им ставил крај на лошите односи со Шпанија. Сега кога Англија била во мир со својот најголем ривал, нејзиното внимание се пренасочило од потпирање на инфраструктурата на туѓите колонии, кон основање свои прекуморски колонии.
Британската Империја започнала да се оформува за време на почетокот на 17-тиот век, со англиското населување на Северна Америка и малечките острови- Карибите, како и со основањето приватни трговски друштва, најзначајно била Британската источноиндиска компанија, со цел да управуваат со колониите и прекуморската трговија. Како последица од тоа, овој период, сесè до губењето на тринаесетте колонии, по американската војна за независност кон крајот на 18-тиот век, се нарекувал Првата Британска Империја.
 
==Америка, Африка и трговијата со робови==
Ред 144:
 
Слична турканица започнала во Индија кога актот на владата на Индија во 1919 година не ги задоволил барањата за независност. Грижите за комунистичките и странските заговори по заговорот Гхадар обезбедиле структури во военото време да се обноват со актите Ровалт со што се создала тензија особено во Панџаб каде се мерките на потиснување го предизвикале масакрот во Амритсар. Во Британија јавното мислење било поделено во врска со етиката во настанот, помеѓу оние кои голедале тоа како спасување на Индија од анархија и оние кои го гледале со гадење. Последичното некооперативно движење се откажало на 22 март 1922 година по инцидентот во Чаури Чаура, а немирите продолжиле и наредните 25 години. Во 1922 година,
Египет, кој бил прогласен за британски протекторат кога избувнала Првата светска војна, добил формална независност, иако продолжил да биде британска држава до 1954 година. Британските трупи останале стационирани во Египет сесè до потпишувањето на англо-египетскиот договор во 1936 година, со кој било договорено трупите да се повлечат но продолжиле со окупацијата и со одбраната на Суетскиот Канал. За возврат, тие му помогнале на Египет да и се придружи на Лигата на нациите. Ирак, кој бил британска територија од 1920 година, исто така се здобил со членство во Лигата по своја заслуга, откако добил независност од Британија во 1932 година.
 
Правото на домииионите да си креираат своја надворешна политика, независно од Британија, им било признаено на Империјалната конференција во 1923 година. Британското барање за воена помош од страна на доминионите на почетокот на кризите во Чанак, претходната година, било одбиено од страна на Канада и Јужна Африка и Канада одбила да се обврзе со договорот од Луизијана во 1923 година. Откако Ирска, Канада и Јужна Африка извршиле притисок на Империјалната Конференција во 1826 година, била објавена декларација со која домонионите биле признати како автономни заедници во рамките на Британската Империја кои имале еднаков статус и не биле подредени една на друга во рамките на нациите од Комонвелтот. Оваа декларација добила законска важност со Статутот од Вестминстер во 1931 година. Парламентите на Канда, Австралија, [[Нов Зеланд]], Унијата на [[Јужна Африка]], Ирска и Њуфаундленд станале независни од британската законодавна контрола, тие можеле да ги поништат бртанските закони и Британија повеќе неможела да донесува закони без нивна согласност. Њуфаундленд го вратила статусот на колонија во 1933 година бидејќи имала финансиски тешкотии за време на Големата Депресија. Ирска дополнително се дистанцирала од Британија, со воведувањето на нов устав во 1937 година со што станала република во секој поглед освен во поглед на името.
Ред 150:
==Втората светска војна==
 
Британското објавување на војна против Нацистичка Германија во септември во 1939 година исто така ги вклучило и Кралските колонии и Индија но не се здружила веднаш со доминионите. Австралија, Канада, Нов Зеланд и Јужна Африка исто така набрзо и објавиле војна на Германија но Ирската слободна држава одбрала да остане законски неутрална за време на војната. По германската окупација на Франција во 1940 година, Британија и имперјата останале сами да се борат против Германија сесè до влезот во Советскиот Сојуз во 1941 година. Британскиот премиер Винстон Черчил успешно се договорил со претседателот Френклин Д. Рузвелт за воена помош од Соединетите Држави, но Рузвелт сѐ уште не бил подготвен да го замоли Конгресот да ја воведе земјата во војна. Во август 1941 година Черчил и Рузвелт се сретнале и го потпишале Атлантскиот договор кој ја вклучува изјавата дека сите народи имаат право да решаваат за обликот на владеењето во земјата во која живеат. Оваа изјава била двосмислена во поглед на тоа дали се однесува на европските земји во кои Германија извршила окупација или на народите кои биле колонизирани од страна на европските нации, и подоцна Британците, Американците и нациналистичките движења различно ја толкувале.
 
Во декември во 1941 година, Јапонија спровела напади врз британската [[Малаја]], поморската база на Соединетите Држави, Перл Харбор и Хонгконг. Јапонија постепено прераснала во империска сила на Далечниот Исток откако ја поразила Кина во Првата Сино-јапонска војна во 1985 година, со што таа почналла да планира поголема свера на влијание во Источна Азија под нејзино влијание. Јапонските напади врз британските и американските територии на Пацификот оставиле долготрајни последици во Британската Империја. Мислењето на Черчил на влезот на Соединетите Држави во војната било дека сега Британија има сигурна победа и дека иднината на Империјата е безбедна, но начинот на кој британците набрзина се предале во некои од колониите го нарушиле британскиот престиж како империска сила. Најголемиот дел од штетата било предавањето на Сингапур, кој важел за несрушлива тврдина и бил источниот еквивалент на Гибралтар. Британија сфатила дека нема да може да ја брани целата империја и затоа ги подтурнала Австралија и Нов Зеланд, кои биле под закана од страна на јапонските сили, да воспостават поблиски врски со Соединетите Држави, што по војната се претворило во пактот АНЗУС во 1951 година кој бил помеѓу Австралија, Нов Зеланд и Соединетите Американски Држави.
Ред 180:
Во 1956 година, Насер еднострано го национализирал Суетскиот Канал. Реакцијата на британскиот премиер Ентони Еден била да се направи заговор помеѓу Британија и Франција и да се исценира израелски напад врз Египет, при што Британија и Франција ќе имаат изговор воено да реагираат и ќе го преземат каналот. Еден го разлутил неговиот американски колега претседатлот Двајт Д. Ајзенхауер, бидејќи не се консултирал со него, и Ајзенхауер одбил да ја поддржи инвазијата. Ајзенхауер исто така го загрижувала можноста за војна со Советскиот Сојуз откако Никита Хрушчов се заканил дека ќе интервенира во Египет и ќе биде против британците. Ајзенхауер ја искористил и финансиската моќ со заканување дека ќе ги продаде сите американски резерви од британската Фунта и со тоа ќе предизвика пад на британската валута. На почетокот инвазијата била успешна во целта да се заземе Суетскиот Канал. Интервенцијата на Обединетите Нации и притисокот од страна на Соединетите Држави ја присилиле Британија на понижувачко повлекување по кое Еден си дал оставка.
 
Суетските кризи јавно покажале дека силата на Британија е ограничена и го потврдиле британското опаѓање на светско ниво, од што јасно се гледало дека Британија неможе веќе да преземе икакви дејства без делумна или целосна поддршка од страна на Соединетите Држави. Настаните кај Суетскиот Канал ја раниле британската национална гордост, што било причина еден пратеник да ја опише таа ситуација како британското Ватерло (вистинско фијаско), а друг сметал дека земјата се претворила во американски сателит. Маргарет Тачер подоцна, она што го снашло политичкиот систем го опишува како Суетски Синдром од кој Британија не се опоравила сесè до 1982 година кога таа успешно ги освоила Фолкландските Острови кои дотогаш биле во сопственост на Аргентина.
 
Иако суетските кризи предизвикале да се намали моќта на Британија, сепак таа не се распаднала. Британија наскоро ги распоредила своите вооружени сили во областа на Оман каде што тие интервенирале во 1957 година, Јордан (1958 година) и Кувајт (1961 година), сега со американско одобрение, бидејќи надворешната политика на новиот премиер Харолд Махмилан била да ги одржи блиските врски со Соединетите Држави. Британија била присутна на Блискиот Исток уште една деценија, и во 1967 година се повлекла од Аден, а во 1971 година се повлекла од Бахраин...
Ред 187:
Махмилан одржал говор во Кептаун, Јужна Африка во февруари 1960 годин а каде што тој зборувал за промените кои се случувале на континентот. Махмилан сакал да се избегне колониска војна која Франција ја водела во Алгерија, и под негово водство деколонизацијата забрзано продолжила. Десет пати повеќе колонии, во 1960-тите години, му се додале на бројот на колонии на кои им била доделена независност во 1950-тите години- [[Судан]], Златниот Брег и Малаја.
 
Освен Јужна Родезија, сите други британски колонии во Африка добиле независност до 1968 година(видете ја картата). Британското повлекување од јужните и источните делови на Африка се искомплицирало од страна на белото население во регионот, особено во Родезија, каде што расистичките тензии го натерале Ијан Смит, премиерот, да ја потпише Унилатералната декларација за независност од Британската Империја во 1965 година. Родезија останала во граѓанска војна која се водела помеѓу нејзиното бело и црно население сесè до Договорот на Ланкастер Хаус во 1979 година. Овој договор привремено и ја вратил Родезија на Британката колониска власт сесè додека да може да се одржат избори под британски надзор. Изборите се одржале наредната година и на нив победил Роберт Мугабе кој станал премиер на новата независна држава Зимбамве.
 
Во Средоземјето, се водела војна која ја започнало населението на грчкиот Кипар и завршила во 1960 година со осамостојување на Кипар под услов Обединетото Краластво да ги задржи воените бази на Акротири и декелија. Средоземните острови [[Малта]] и [[Гоцо]] добиле независност од Обединетото Кралство во 1964 година, иако уште во 1955 година се појавила идеја за интеграција кон Британија.