Блек сабат: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Дискографија: Замена со македонска предлошка, replaced: commonscat → Ризница-врска
с →‎top: Правописна исправка, replaced: се до → сè до (3)
Ред 22:
Black Sabbath се англиски хеви метал бенд, формиран во Астон, Бирмингем во 1969 година од на Ози Озборн (вокал), Тони Ајоми (гитара), Geezer Butler (бас гитара), и Бил Ворд (тапани). Оттогаш бендот има искусено повеќе промени во составот, единствено Тони Ајоми остана постојан член на бендот низ годините. Вкупно 22 музичари некогаш биле членови на Black Sabbath. Првично формиран во 1968 година како хеви блуз рок бенд наречен Земја (Earth), а подоцнаво 1969 година преименуван во '''Блек сабат''' (Black Sabbath), бендот почна да спојува окултни и хорор-стихови со ниско наштимани гитари и достигна до повеќе платинумски плочи во 1970-тите. И покрај поврзаностa со окултни и хорор теми, Black Sabbath, исто така, напишаа песни кои се занимаваат со социјална нестабилност, политичка корупција, опасностите од злоупотреба на наркотици и често апокалиптични пророштва на ужасите од војната.
Блек сабат (Black Sabbath), како и Лед Цепелин (Led Zeppelin) и Дип П'рпл (Deep Purple), се често нарекувани пионери на хеви металот. Бендот помогна да се дефинира жанрот со албуми како четирикратниот платинумски албум Paranoid, издаен во 1970 година. На МTV (Ем Ти Ви) беа рангирани како "најголем метал бенд" на сите времиња, и се најдоја на второ место во VH1 е "100 најголеми изведувачи на хард рок" листа, зад Лед Цепелин. "Ролинг Стоун" ја претпостави групата како "хеви метал кралеви на 70-тите години. Тие имаат продадено над 15 милиони плочи само во Соединетите Американски Држави и повеќе од 70 милиони плочи низ целиот свет. [9] Black Sabbath беа примени во "Рокенрол салата на славните" во 2006 година , а беа вклучени во листата на 100 Најголеми изведувачи на сите времиња на Ролинг Стоун.
Поради прекумерената конзумација на дрога и алкохол, вокалистот Ози Озборн беше отпуштен од бендот во април 1979, после што започна многу успешна соло кариера, продавајќи повеќе од 55 милиони албуми. Тој беше заменат со поранешниот вокалист на Рејнбоу (Rainbow) Рони Џејмс Дио. После неколку албуми во соработка со вокалите и текстовите на Дио, Блек сабат претрпи повеќе промени во составот во текот на осумдесеттите и деведесеттите години од минатиот век кога членуваа вокалистите Јан Гилан, Глен Хјуз, Реј Гилан и Тони Мартин. Во 1992 Ајоми и Батлер повторно се соединија со Дио и тапанарот Вини Апајс и го снимија Обесчовечувач (Dehumanizer). Оригиналната постава со Ози Озборн повторно се обедини во 1997 година и издаде албум во живо, Повторно соединување.Поставата од 1979–1982 и 1991–1992 година со Ајоми, Батлер, Дио и Апајс се реформира во 2006 година под иметоРај и пекол (Heaven and Hell) и опстојуваа сесè до смртта на Дио на 16ти мај 2010 година.
На 11ти ноември 2011, оригиналните членови на бендот изјавија дека повторно се соединуваат и снимаат нов албум. Бендот е закажан да настапува и да го предводи Даунлоуд фестивалот (Download Festival) на 10ти јуни 2012 година, по што ќе следува светска турнеја.
 
Ред 34:
Блек сабат беше издаен на петок 13ти во февруари 1970 година. Албумот се искачи на 8мо место на листата на албуми во Британија (UK Albums Chart), и откако се пушти во продажба во САД и Канада во мај 1970 година издаен од Варнер брос рекордс, албумот достигна до 23то место на Билборд 200, каде се задржа повеќе од една година. Иако албумот доживеа комерцијален успех, беше многу критикуван. Во една рецензија во Ролинг стоун Лестер Бенгс го опиша како “нескладна импровизација со бас и гитара брзо испреплетувајќисенад други музички периметри, без никаква синхронизација”. И покрај критиките албумот се продаде во значителни бројки, изложувајќи го бендот на првите комерцијални успеси. Оттогаш албумот е сертифициран платинум и во САД од Здружение на индустријата за снимање на АмерикаRecording Industry Association of America (RIAA),и во Британија од Британската фонографска индустрија (British Phonographic Industry (BPI).
За да профитираат од топ-листите во САД, бендот се врати во студио во јуни 1970 година, оп само четири месеци откако го издадоја “Блек Сабат”. Новиот албум првично требаше да се вика “Свињи на војната” (War Pigs) по песната “Свињи на војната”, која беше критична во однос на војната во Виетнам. Како и да е “Ворнер” го сменаја името во “Параноид”. Синглот со кој албумот започнува,“Параноид”, е напишан во студиото во последен момент. Бил Ворд објаснува: “Немавме доволно песни за албумот, и Тони само го отсвири рифот од “Параноид”на гитарата и тоа беше тоа. Потребни беа дваесет, дваесет и пет минути од почеток до крај на песната”. Синглот беше издаен во септември 1970 година и достигна до четвртото место на топ-листите во Велика Британија, останувајќи единствениот топ десет хит на Блек Сабат. Поттикнат од успехот на синглот “Параноид”, албумот достигна до првото место на топ-листите во Британија во октомври 1970 година.
Издавањето во САД беше одложено за јануари 1971 година, а кога “Параноид” се издаде во Велика Британија, албумот “Блек Сабат”сè уште беше на топ листите. Албумот достигна број 12 во САД март 1971 година,каде и ќе се продаде во четири милиони копии практично без да се пушта на радио. Како и “Блек Сабат”, албумот е остро критикуван од на рок критичаритево тоа време, но современите критичари како Стив Хјуи од “Allmusic”го класифицираат “Параноја” како "еден од најдобрите и највлијателните хеви метал албуми на сите времиња", и албум што го "дефинира звукот и стилот на хеви металот повеќе од било кој друг албум во рок историјата ". Во 2003 година, албумот беше рангиран на 130то место на листата “500 Најдобри албуми на сите времиња” на списанието Rolling Stone. Успехот на топ-листите на “Параноја” му овозможи на бендот за првпат да оди на турнеја во САДво октомври 1970 година, што предизвика издавање на вториот сингл од албумот "Железен човек". Иако синглот не успеа да се пласира помеѓу најдобрите 40, "Железен човек" останува една од најпопуларните песни на Black Sabbath, како и највисоко пласиран сингл на бендот во САД сесè до 1998 година кога го издадоја“Психо човек”.
 
“Господар на реалноста” (Master of Reality) и “4то издание” Volume 4 (1971–1973)
Ред 146:
Сосема е поинаку да се снима сега. Ние сите направивме толку многу во меѓувреме. Порано немаше звонење на мобилни телефони на секои пет секунди. Кога почнавме, ние немавме ништо. Сите работевме за истата работа. Сега секој има направено толку многу други работи. Многу е забавно и сите си имаме добар муабет, но различно е да се направи албум.
 
Во Март 2002, реалното шоуто “Озборнови” на Ози Озборн кое доби Еми, дебитираше на МТВ, и набрзина стана светски хит. Шоуто го претставуваше Озборн на пошироката публика и за да ја искористи издавачката куќа на претходниот каталог на бендот, Sanctuary Records издаде двоен албум во живо Past Lives, кој истакнуваше концертен материјал снимен во 70те години, кој го вклучуваше и претходно неофицијалниот албум Live at Last. Бендот остана во празнина (празен период) сесè до летото 2004 година, кога тие се вратија и го предводеа Озфест 2004 и 2005 година. Во ноември 2005 година, Блек Сабат беа внесени во Музичката Сала на Славните на Велика Британија, а во 2006 година, после единаесет години на квалификации, бендот беше внесен во Рок енд Рол Салата на Славните во САД. На церемонијата Металика отсвири две песни на Блек Сабат, “Дупка во Небото“ и “Железен Човек“ како признание за бендот.