Аутизам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Правописна исправка, replaced: 1980тите → 1980-тите using AWB
с →‎''Механизам'': Правописна исправка, replaced: се до → сè до
Ред 119:
Првата категорија е сконцентрирана на теориите за способноста за разбирање на општеството. Теоријата за соживување и систематизирање зема за претпоставка дека аутистите можат да систематизираат, т.е. тие се способни да развијат внатрешни правила на функционирање во случај на решавање на задача внатре во мозокот, но не се толку добри во соживувањето, односно решавањето задачи предизвикани од други агенти. Продолжението на оваа теорија, теоријата за екстремниот машки мозок, претпоставува дека аутизмот е екстремен случај на машкиот мозок, којшто психометрички е дефиниран како мозок на лица коишто подобро систематизираат отколку што се соживуваат. Ова продолжение е контроверзно поради тоа што многу истражувања докажале дека е грешна идејата дека машките и женските бебиња различно реагираат на луѓе и предмети.
 
Овие теории сесè до некаде поврзани со поранешниот пристап преку теоријата за мозокот, која што претпоставуваше дека аутистичното однесување потекнува од неспособноста да се препишат психички состојби на себе си или на другите. Претпоставката на теоријата за мозокот е до некаде докажана со нетипичните реакции на аутистичните деца на Сали-Ана тестот за расудување на мотивациите на другите, како и со теоријата за системот од рефлектирачки неврони, којшто опишан во патофизиолошките карти совршено ја дополнува хипотезата. Но сепак, најголемиот дел од истражувањата немаат најдено докази за нарушена способност за разбирање на основните чувства или цели на луѓето кај аутистите, наместо тоа, податоците укажуваат на фактот дека кај аутистите има нарушување кај разбирањето на посложените социјални чувства или кај сфаќањето на гледните точки на другите луѓе.
 
Втората категорија е сконцентрирана на обработување на несоцијални или општи информации. Се претпоставува дека нефукционалноста на екзекутивните функции делумно е резултат на недостаток од работна меморија, планирање, спречување и други видови на егзекутивни функции. Тестирањата за егзекутивните процеси на кората на мозокот, како што е движење на окото, укажуваат на тоа дека има подобрување од детство до адолесценција, но никогаш не е постигнато нормално ниво како кај возрасен човек. Силна страна на теоријата е можноста за предвидување на стереотипно однесување и малиот број на интереси, но две слаби точки се фактот дека е многу тешко да се измерат егзекутивните функции и дека досега не бил пронајден недостаток на егзекутивни функции кај малите аутистични деца.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Аутизам