Апостол Петков: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Хуриетот и загинувањето на Апостол Петков: Јазична исправка, replaced: се' уште → сè уште
с →‎Заштитник на обесправените, безмилосен кон непријателите: Правописна исправка, replaced: се до → сè до
Ред 40:
Апостол Петков зимата 1903/1904 година останал во регионот за да го заштитува населението и да го одржува духот на Организацијата. За време на велигденските празници 1904 година Ениџевардарско го посетил Даме Груев и заедно го обиколувале регионот неколку денови.<ref>Изъ споменитѣ на Дяконъ Естатий, Ил. Илинденъ, г. 7. Кн.4-5 (64-65), София 1935, 23.</ref> Тогаш Апостол, околу себе држел 100-тина вооружени лица, но по сугестија од Груев, повеќето од нив биле распуштени. Летото 1904, во регионот на Апостол, дваесетина дена престојувал и Ѓорче Петров.<ref>Ѓорче Петров. Спомени. Кореспонденција,(Вовед, коментар и редакција проф. Љубен Лапе), Скопје 1984, 213-216.</ref> Присуството на Д. Груев и Ѓ. Петров било во функција на придобивање приврзаници за своите концепции во поглед на претстојното преуредување на Организацијата. При крајот на 1904 г., Апостол Петков, заедно со [[Андон Ќосето]], Лука Иванов и Тодор Серменински се јавува како потписник на едно писмо против задграничните претставници [[Христо Матов]] и [[Христо Татарчев]], кои поради своето политиканство отстапиле од принципите на Организацијата поради што им искажале недоверба, и ги прогласиле за „опасни непријатели на Организацијата“.<ref>Симон Дракул, Македонија меѓу автономијата и дележот, т. 3, 550-552.</ref>
 
Во мај 1904 година, османлиските власти и дипломатските претставници го отвориле прашањето за разоружување и легализација на активните војводи и комити. За таа цел, биле испратени писмени повици кон нив за да се предадат. Апостол Петков, испровоциран од овој потег на дипломатите, се обратил со писмо до солунските конзули, при што изјавил дека четите нема да се предадат се' додека во Македонија не бидат спроведени реформи.<ref>Државен архив на Македонија, фонд: Бугарски генерален конзулат Солун 1896-1915, микрофилм бр. 4280, № 411, 14.05.1904.</ref> Во писмото меѓу другото пишува: „Зарем Македонецот не е човек да живее слободно? Зарем Македонецот не е слободен да го дише чистиот воздух, како што се радуваат слободните народи? Македонецот веќе е уверен дека се дури се наоѓа под Турчинот, ништо сигурно нема за него: тој не е сигурен за својот живот, не е сигурен за своите мили и драги дечиња, за честа на жената и своите ќерки, за својот имот и т.н. Таа несигурност го натера Македонецот да го земе оружјето в раце и да се бори со Турчинот. Тој не жали зашто ќе умира од куршумите на непријателот, и е спремен да го прави тоа, сесè до денот на неговото ослободување“.<ref>Симон Дракул, Македонија меѓу автономијата и дележот, т. 3, 133-135. </ref>
 
Во септември 1904 година, Апостол испратил писмо до ениџевардарскиот кајмак со кое од него побарал: 1. Да не им дозволи на арнаутските ќехаи со своите стада да се престојуваат во Ениџвердарско; 2. Пасиштата да останат за користење од месното население; 3. Субашите и сејмените да ги плаќаат самите бегови, а не селаните; и 4. Меѓу чифликсајбиите и чифлигарите да се воспостават односи како во европските земји. Во спротивно се заканил дека ќе ги убива сите Арнаути – ќехаи, овчари, субаши, сејмени и дека ќе ги пали беговските куќи и кули.<ref>Државен архив на Македонија, фонд: Бугарски генерален конзулат Солун 1896-1915, микрофилм бр. 4280, № 714, 8.09.1904. </ref> Слични предупредувања Апостол испратил и до рускиот генерален конзул во Солун, како и до цивилните агенти. Во оваа писмо покрај другото пишува: „бујната македонска натура, храбрите чеда на злочесната татковина, не можат да останат ладнокрвни спроти сите овие стенкања на своите браќа ... овие достојни синови на славното име Македонија веќе прибегнуваат кон најпоследното средство, а имено кон уништување на мачителот“.<ref>Симон Дракул, Македонија меѓу автономијата и дележот, т. 3, 427-429.</ref> Предупредувачко писмо, Апостол Петков, испратил и до чифликсајбиите: Изет ефенди и Хаки ефенди од Солун.<ref>Државен архив на Македонија, фонд: Бугарски генерален конзулат Солун 1896-1915, микрофилм бр. 4280, № 746, 17.09.1904.</ref>