Алфред Нобел: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Пронајдоци: Јазична исправка, replaced: Суреј → Сари using AWB
с →‎Живот и кариера: Правописна исправка, replaced: се до → сè до
Ред 21:
Во 1891 година, по смрта на неговата мајка и неговиот брат Лудвиг и крајот на врска која траела долго време, Нобел се преселил од Париз во Санремо, Италија.
Боледувајќи од ангина, Нобел починал во својот дом во 1896 година од мозочно крварење. Без знаење на неговата фамилија, пријатели или колеги, тој го оставил поголемиот дел од неговото богатство во фондација, со цел да ги финансира наградите кои ќе станат познати како Нобелови награди. Тој е погребан на градските гробишта во Стокхолм.
Поголемиот дел од професионалната кариера, Нобел го поминал патувајќи, притоа одржувајќи компании во многу земји во Европа и Северна Америка и живеејќи во Париз од 1873 до 1891 година. Тој останал повлечен и осамен, препуштен на повремена депресија. Иако тој останал неоженет, неговите биографи велат дека Нобел имал најмалку три љубовни приказни. Неговата прва љубовна приказна била во Русија со девојка по име Александра, која ја одбила неговата брачна понуда. Во 1876 година, австрочешка грофица по име Берта Кински станала секратарка на Алфред Нобел. Но по само краток престој таа го напуштила за да се омажи со нејзиниот претходен љубовник, баронот Артур Гундакар фон Сутнер. Иако нејзиниот личен контакт со Алфред бил краток, таа се допишувала со него сесè до неговата смрт во 1896 година, и се верува дека таа имала големо влијалние во неговата одлука да вклучи награда за залагање за мир помеѓу оние награди кои биле предвидени во неговиот тестамент. Во 1905 година, Берта фон Сутнер добила Нобелова награда за залагање за мир „за нејзините искрени мировни активности“. Третата и најдолга врска на Нобел била со Софи Хес која била од Виена, и која што тој ја сретнал во 1876 година. Врската траела осумнаесет години. По неговата смрт, според неговите биографи Евланоф, Флуор и Фант, неговите писма биле заклучени во Нобеловиот институт во Стокхолм. Тие биле откриени единствено во 1955 година, за да бидат бидат вклучени со биографските податоци на Нобел.
И покрај недостигот на формално високо образование, Нобел одлично познавал шест јазици: шведски, француски, руски, англиски, германски и италијански. Тој развил и книжевни вештини за пишување поезија на англиски јазик. Неговата „Немезис“, трагедија во проза во четири чинови, за Беатриче Ченчи, делумно испирирана од драмата „Ченчи“ на англискиот поет Перси Биш Шели, била објавена за време на неговата смрт. Целосното испечатено издание, освен три копии, било уништено веднаш по неговата смрт, што се сметало за скандалозно и безбожно. Првата копија што останала (која била на два јазика, шведски и есперанто) била објавена во Шведска во 2003 година. Драмата била преведена на словенечки јазик преку есперанто верзијата и на француски јазик. Во 2010 година, во Русија, драмата се издала како уште едно двојазично издание ( на руски и есперанто јазик).
==Пронајдоци==