Алексиј I Комнин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Извори: Замена со македонска предлошка, replaced: commonscat → Ризница-врска
с Правописна исправка, replaced: се до → сè до (4), се додека → сè додека
Ред 44:
Опаѓањето на [[Источно римско царство|византискиот]] управен апарат се одразувал и во симптоматичните промени кои Алексиј I ги повел во дворските титули, а кои, исто така, се надоврзувале на развитокот од претходниот период. Со масовното доделување на титулите во времето на владеењето на цивилното благородништво, старите титули го загубиле своето значење и се јавила потреба за создавање нови, повисоки титули. Титулите патрициј, протоспатариј и спатарокандидат, коишто во [[X век]] ги носеле мошне истакнати чиновници и воени команданти, веќе во средината на [[XI век]] го губеле својот углед и на преминот во [[XII век]] целосно исчезнале. Само три највисоки титули од средновизантискат епоха ([[Цезар (титула)|цезар]], нобилисим и куропалат) ја надживеале оваа интересна инфлација на титули, но дури и тие нешто изгубиле во своето значење. За својот брат Исак, царот Алексиј, со спојувањето на титулите севаст и автократор, создал нова титула севастократор којашто добила повисок ранг од цезарската титула. После тоа не му било тешко да го исполни своето ветување и на бившиот претендент Никифор Мелисин да му ја подари титулата цезар, која сега претставувала високо но не и највисоко одликување. Додека старите чиновнички титули исчезнувале, на повисоките византиски достоинственици им се доделувале титули кои порано биле сметани како царски епитети и давани само на членови на царското семејство. Со комбинирањето на одделни титули и епитети се добивала бесконечна скала од се позвучни и пообемни називи: севаст, протосеваст, паниперсеваст, севастоипертат, пансевастоипертат, протопансевастоипертат, ентимоипертат, панентимоипертат, протонобилисимоипертат итн. Овие промени во чиновничките титули биле надворешен одраз на длабоката деформација којашто во XI век ја доживеал византискиот државен апарат.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 441-442.</ref>
 
Како резултат на истата инфлација, од трите називи кои кон крајот на X век ги носеле гувернерите на темите се задржал само највисокиот, така што во времето на Комнини сите тематски гувернери ја имале титулата дукс, додека катепани се нарекувале нивните помошници, а најстариот назив, некогашното славно звање стратег, во XI век веќе целосно исчезнал. Ова титуларно авансирање било дотолку покарактеристично бидејќи во исто време обемот и значењето на одделни теми значително се намалувало. Доместиците на Исток и Запад, во чии раце од втората половина на X век се наоѓало врховното заповедништво над војската, од своја страна веќе во средината на XI век добивале титули на големи доместици. Титулата голем дукс од времето на Алексиј сесè до пропаста на Византиското царство ја носел врховниот заповедник на флотата. Како врховен надзорник на сите цивилни надлештва се јавил, кој од крајот на XII век добил име на голем логотег. Со тоа позицијата на прв министер се врзувала со одредена функција.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 442-443.</ref>
 
===Стопанство===
Ред 50:
 
===Војска===
[[Источно римско царство|Византиската]] војска во ова време претставувала шаренило од наемници од најразлични народи: [[Варези]], [[Руси]], [[Печенези]], [[Кумани]], [[Селџуци|Турци]], [[Французи]], [[Германци]], [[Англичани]], [[Абазги]] и [[Алани]]. Покрај наемничките трупи поголемо значење одново добила домашната војска. Се разбира, таа веќе не се базирала врз малите земјишни поседи, бидејќи стратиотските имоти во поголем дел пропаѓале, и стратиотите од стариот тип, макаршто се уште ги имало, играле само споредна улога. Одбранбената моќ на Византиското царство сега имало потполно [[Феудализам|феудален]] карактер. Нејзината основа ја сочинувал поседот на пронијарите. Ползувањето на системот на пронијата во воени цели била и главната причина за военото јакнење на Царството во времето на владеењето на воената [[аристократија]] под династијата [[Комнини]]. Во времето на епигоните на Македонската династија и на династијата Дука, прониите се уште немале никаква воена функција. Меѓутоа, во времето на Алексиј I Комнин системот на пронијата добил воен карактер кој ќе го задржи сесè до пропаѓањето на Византиското царство. Прониерот сега бил должен да врши воена служба и поради тоа просто се нарекувал војник. Всушност тоа бил византискиот витез, кого според големината на неговата пронија во воените походи го следел поголем или помал борј на луѓе. Поточно, и на другите земјишни поседи, дури и на [[Црква|црковните]], се вршело регрутирање војници, но само лесно наоружани пешаци.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 445-446.</ref>
 
Пронијата не претставувала сопственост на прониерот. Право на сопственост го задржувала врховната власт којашто ги давала и одземала прониите според сопствените одлуки. Но сесè додека прониерот ја држел пронијата - а обично ја држел сесè до својата смрт - тој бил целосен господар на сите свои поседи и на селаните. Во социјален поглед прониерите и стратиотите од стар тип претставуваат два спротивни света. Стратиотите биле селани кои сами ја обработувале земјата, додека прониерите биле велепоседници-феудалци на кои им работеле крепосни парици. Со доделувањето на пронијата на прониерот му се давало не само земјата туку и париците коишто ја обработувале и кои му плаќале давачки.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 447.</ref>
 
===Црковни прашања===
Ред 99:
Првиот позначаен успех на крстоносците било заземањето на [[Никеја]] во [[јуни]] 1097г. Согласно со склучениот договор градот му предаден на царот и веднаш запоседнат од византиската војска. Алексиј побрзал да го използува овој успех. Неговите трупи ја зазеле [[Смирна]], [[Ефес]], [[Сард]] и други градови во стара [[Лидија (Мала Азија)|Лидија]], такашто во поголемиот дел на западна Мала Азија била воспоставена византиската власт. Во меѓувреме крстоносците, откако по заземањето на Никеја, на состанокот во [[Пелеканон]] уште еднаш му положиле заклетва на царот, тргнале во придружба на византискиот одред, по стариот воен пат прек [[Доридеја]], [[Цезареја]] и [[Германикеја]] во [[Антиохија]]. Се уште владеела слога меѓу крстоносците и византискиот цар, иако Готфридовиот брат - [[Балдуин I Ерусалимски|Балдуин]] и Боемундовиот внук Танкред, одвојувајќи се од главнината на крстоносната војска, војувале на своја рака во [[Киликија]] и ги освојувале киликиските градови, а Балдуин продрел дури во горна [[Месопотамија]] и засновал свое [[Грофовија Едеса|кнежевство]] во [[Едеса (Сирија)|Едеса]]. Заземањето на Антиохија ([[3 јуни]] [[1098]]г.), новиот голем успех на крстоносците, меѓутоа, го ставил крајот на спогодбата меѓу крстоносците и Византијците како и меѓу одделни водачи на крстоносците. Крстоносците не ни помислувале да му ја предадат Антиохија на византискиот цар. Околу освоениот град почнале да се грабаат Боемунд и Рајмонд Тулуски. Играта ја добил итриот нормански војвода и завладеал со [[Сирија|сириската]] престолнина. Протестите на царот Алексиј останале залудни. Боемунд ја запоседнал Антиохија, а другите крстоносци тргнале на пат за [[Ерусалим]], не дочекувајќи го доаѓањето на царот, макаршто тој им порачал деја, како што ветил, ќе земе учество во натамошната војна на крстоносците, доколку му ја предадат Антиохија. За предавањето на Антиохија на Византија сега се залагал и Рајмонд Тулуски. Меѓу заобиколениот гроф Рајмонд и византискиот цар дошло до извесно зближување, и додека крстоносците коишто на царот му положиле вазална заклетва основале свои сопствени кнежевства, Рајмонд којшто одбил да даде било каква заклетва, му предал на царот повеќе градови коишто ги освоил на сирискиот брег. Неговата соработка со царот Алексиј станала уште потесна по заземањето на Ерусалим ([[15 јули]] [[1099]]г.) кога Рајмонд, иако најистакнат меѓу водачите на крстоносците, останал одново со празни раце бидејќи како "вардач на [[Исус Христос|господовиот]] гроб" и на чело на новото [[Ерусалимско кралство]] дошол Готфрид Бујонски.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 437-438.</ref>
 
Византија можела да се помири со основањето на Ерусалимското кралство во оддалечената Палестина, но не и со [[Кнежевство Антиохија|Боемундовото кнежевство]] во Антиохија. Појавата на норманското кнежевство во Сирија непосредно ги погодувала нејзините интереси уште повеќе што Боемунд не ги криел своите намери, отварајќи наскоро непријателство. Меѓутоа, тој истовремено морал да војува против [[Селџучко царство|Турците]] на коишто кнежевството на крстоносците во Антиохија исто така им пречело такашто оваа околност значително ја олеснила работата на византискиот цар. Веќе во [[1100]]г. Боемунд паднал во турско заробеништво, но крстоносците го откупиле и го вратиле во Антиохија. Меѓутоа , во [[1104]]г. кај Харон, Турците на крстоносците им нанеле страотен пораз. Алексиј I тоа веднаш го искористил. Царската војска ги запоседнала значајните тврдини Тарс, Адана и Мамистра, а византиската флота ја зазела Лаодикеја и низа други градови на сирискиот брег, сесè до Триполис.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 438-439.</ref>
 
===Новиот византиско-нормански судир===