Јулијан Отпадникот: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: Сасанидската Империја → Сасанидското Царство (2)
с →‎Поход во Персија и смрт: Правописна исправка, replaced: се до → сè до
Ред 44:
[[Податотека:Поход на Јулијан.jpg|thumb|left|250px|Поход на Јулијан во Персија]] Главна задача на Јулијан во надворешната политика била борбата со [[Сасанидското Царство]], тогаш под водството на [[Шапур II]] Долгоракиот ([[309]]—[[379]]). Офанзивата започнала во март [[363]] година со намера да биде заземен главниот град [[Ктесифон]] и да биде востановена римската власт над земите, отстапени од [[Константиј II]]. Мотивите за војната се нејасни, бидејќи сасанидите проводите пратеници за мирно решавање на споровите, но биле одбиени од Јулијан. Според Амијан тој сакал да им се одмазди на Персијците , а желбите му за битки и слава биле дополнителен мотив за да се реши на војна. Исто така гледал можност да го замени кралот Шапур II со неговиот брат Ормизда.
 
Добил поддршка во одговорот на оракулот во старите [[Сибилски книги]], кои „очигледно го поддржуваат преминување на границата годинава“ ([[Амијан Марцелин]], Историја на Рим, XIII, 7), Јулијан тргнал од [[Антиохија]] со 65 000 војска. Решил дека е најпогодно да ја подели војската, за да ја опколи сасанидката престолнина од две страни. Така една војска од 30 000 римјани под водството на [[Прокопиј]] била испратена во [[Ерменија]] со задача да добие поддршка од ерменскиот крал и да нападне од север на Ктесифон. Во истото време Јулијан настапил следејќи го текот на реката [[Еуфрат]] и совладувајќи ги тврдините една по една. Некои од нив се предале сами, други биле заземени со опсада. Победувајќи ги персиските трупи, римската војска дошла до ѕидините на сасанидката престолнина. Пред самите ѕидини на градот поразиле поголемата сасанидска војска ([[Битка кај Ктесифон]]). Наскоро потоа била победена друга уште поголема сасанидска војска. Бидејќи војската на Прокопиј и ерменските трупи не доаѓале, а ѕидовите на Ктесифон се покажале мошне црвсти, во таква состојба Јулијан се откажал да го опсадува и одлучил да се повлече кај римските граници. [[Податотека:Saint Mercurius killing Iulian.jpg|thumb|right|200px|[[Копти|Коптска]] икона, на која свети Меркуриј го убива Јулијан]] Ги запалил вишокот од резервите и сопствената флота, којашто била на реката [[Тигар (река)|Тигар]], и пустошејќи по патот тргнале на север со надеж да наидат на другата римска војска. Кај [[Маранга]] победиле уште една сасанидска војска, која се обидувала да им го пресече патот за повлекување. Во тоа време почнал да се чувствува глад, така што Јулијан наредил да бидат поделени со војниците сите резерви од императорската кујна. На секој начин се обидувал да ги дели со нив тешкотиите и често се изложувал на опасност без некоја потреба. Така кога дознал дека Персијците нападнале еден римски одред, без оклоп, само со штит дотрчал на помош. Во разгорелата се борба бил ранет во раката, но фатален бил убодот од копје, фрлено од кај Персијците, кое го погодило во градите, ги пробило ребрата и се забило во долниот дел на дробот. Трета рана добил во цревата. Така ранет бил пренесен во неговиот шатор каде лекарот [[Орибазиј]] од [[Пергам]] се обидел да го лекува со поливање на раната со темно вино, но за кратко време умрел. Според историчарот Марцелин сесè до поледниот здив зачувал исклучлива цврстина и беседувал со филозофите Максим и Приск за високите достоинства на човековиот дух.
 
Во [[364]] филозофот [[Либаниј]] изјавил дека убиството било дело на некој војник христијанин, но тоа не е потврдено од други историчари како [[Амијан Марцелин]]. [[Јоан Малала]] подоцна напишал дека тоа било заговор на свети [[Василиј Кесаријски]]. Четиринаесет години подоцна Либаниј пак изјавил дека Јулијан е убиен од некој [[Сарацин]] и дека тоа се потврдувало од Орибазиј, според кого раната е карактеристична за копије, користено од сарацинските трупи во персиската војска. Подоцнешните христијански историчари како [[Созомен]], пак ја создале легендата дека бил убиен од светец. Постојат и повеќе легенди за неговите последни зборови - според едни ја собрал сопствената крв во една паница и ја фрлил кон сонцето, неговиот бог, изрекувајќи „Биди задоволен“, а пак според [[Теодорет Кирски]] Јулијан воскликнал „Ти победи, галилејанину“.