Microsoft Windows: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Надворешни врски: Замена со македонска предлошка, replaced: commonscat → Ризница-врска
с →‎Безбедност: Правописна исправка, replaced: се до → сè до
Ред 231:
== Безбедност ==
 
Безбедноста е најголема слабост на Windows со години, дури и самиот Microsoft бил жртва на хакерски упади. Поради огромното користење на Windows оперативниот систем кај персоналните компјутери, многу креатори на “злобни“ програми го земаат токму него како цел наместо помалку користените оперативни системи како што се Linux, Unix, Mac OS X, итн. Windows првично бил дизајниран за полесно користење на еден персонален компјутер без мрежна врска, така што не содржел безбедносни карактеристики вградени во него. Windows NT и неговите наследници се дизајнирани за безбедност кај компјутери во мрежа и повеќе кориснички персонални компјутери, но не и за заштита од Интернет бидејќи во периодот кога биле дизајнирани Инернетот не бил од голема важност. Сето тоа искомбинирано со повремена појава на грешки во кодот, Windows е честа мета на пишувачи на црви и вируси. Понатаму, сесè до Windows Server 2003 повеќето верзии дури и на Windows NT биле продавани со предефинирано исклучени важни безбедносни карактеристики, додека ранливи, иако корисни, системски сервиси биле предефинирано уклучени.
Microsoft јавно ги признаа многуте безбедносни проблеми веднаш по доаѓањето на новиот милениум, и тврдат дека безбедноста ја сметаат за прашање од најголем приоритет. Потребниот Automatic Update првпат бил вклучен во Windows Me. Kако резултат, Service Pack 2 за Windows XP, како и за Windows Server 2003, многу ја зголемиле безбедноста на оперативните системи. Microsoft пуштаат во употреба безбедносни пакети преку Windows Update сервисот, приближно еднаш месечно (обично вториот Вторник од месецот), иако критични надоградувања се достапни на пократки временски периоди кога тоа е потребно. Во Windows 2000, Windows Ме, Windows ХР и Windows Server 2003, надоградувањата автоматски може да се симнат и инсталираат ако корисникот го подеси така.
Како друг чекор во однос на безбедноста, Microsoft издадоа бета верзија на Windows Defender (порано Windows AntiSpyware и Giant AntiSpyware), бесплатна програма дизајнирана да штити од несакан софтвер, која генерално била добро примена. Корисниците на Windows ХР можат да ја симнат програмата бесплатно од веб страната на Microsoft, и најавуваат дека оваа програма ќе биде вклучена како дел од нивната нова верзија на Windows што допрва официјално треба да се издаде – Windows 7.