Банка на Шпанија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Историја: дополнување
Ред 19:
== Историја ==
На 2 јуни 1782 година, со декрет на кралот [[Карло III (Шпанија)|Карлос III]], била основана „Banco Nacional de San Carlos“, а врз основа на проектите кои [[гроф]]от од Кабарус ги доставил до премиерот, грофот од Флоридабланка. Главните цели на оваа [[банка]] биле: обезбедување финансиска подршка на [[кралство]]то, олеснување на движењето на [[Јавен долг|државниот долг]] и негово претворање во готовина; финансирање на вооружените сили; извршување на плаќањата во странство; и борба против лихварството и обезбедување [[кредит]]и за [[трговија]]та и [[индустрија]]та. Нејзиниот [[капитал]] бил приватен и бил поделен на [[Акција (финансии)|акции]], а на акционерите им се исплаќала [[дивиденда]]. Истовремено, банката ги издала првите шпански [[Банкнота|банкноти]], наречени „гаранции на Банко де Сан Карлос“, иако тие не биле добро прифатени од јавноста. Со законот од 28 јануари 1856 година, новата „Banco Español de San Fernando“ била преименувана во „Banco de España“, а законот ја овластил државата да именува гувернер и двајца заменици-гувернери. Потоа, Банката на Шпанија ги отворила своите филијали во [[Аликанте]] и во [[Валенсија]]. Во 1868 година, министерот за финансии, Лауреано Фигуерола, ја прогласил [[пезета]]та (поделена на 100 центи) како основна единица на шпанскиот монетарен систем. Првите монети биле исковани во 1869 година. Со декрет-законот од 19 март 1874 Банката на Шпанија стекнала [[монопол]] врз издавањето банкоти во континентална [[Шпанија]] и нејзините острови, во замена за голем заем за покривање на финансиските барања на владата. Другите банки биле принудени да изберат да работат како комерцијални [[Банка|банки]] без можност да издаваат [[пари]] или да станат дел од Банка на Шпанија како нејзини овластени филијали. Шпанија не го прифатила [[Златен стандард|златниот стандард]] и нејзините банкноти никогаш не биле конвертибилни во [[злато]]. За време на [[Шпанска граѓанска војна|Граѓанската војна]] (1936-1939), Шпанија била поделена на две области: една контролирана од републиканската армија, а друга од страна на националистичката војска. Банката, исто така, била поделена на два дела, контролирани од двете страни, а тоа довело до формирање паралелни институции и паралелни пезети. Истовремено, најголемиот дел од златните резерви на Банката бил испратен во [[Москва]] и се користел за финансирање на војната. По граѓанската војна, министерот за финансии, Жозе Лараз, ја презел контролата и ја иницирал реконструкцијата на финансискиот сектор и на Банката на Шпанија. Со формирањето на [[Европска монетарна унија|Европската монетарна унија]] (ЕМУ), Банката на Шпанија станала полноправен и активен учесник во [[Евросистем]]от, а пезетата престанала да постои и била заменета со [[евро]]то.<ref>[https://www.bde.es/bde/es/secciones/sobreelbanco/historiabanco/Del_Banco_de_San/ Официјално мрежно место на Банката на Шпанија (пристапено на 20.3.2020)]</ref>
 
== Банка на Шпанија ==
Со [[закон]]от од [[28 јануари]] [[1856]] година, новата "Banco Español de San Fernando" била преименувана во "Banco de España". Законот ја овластил [[држава]]та да именува гувернер и двајца заменици-гувернери и воспостави систем врз основа на обедување на неколку банки во една централна. Во пресрет на оваа [[либерализација]], претприемачите и трговците почнале да основаат банки во поголемите шпански градови, па така и Банката на Шпанија ги отворила своите филијали во [[Аликанте]] и [[Валенсија]]. Во [[1868]] година, министерот за финансии, Лауреано Фигуерола, ја прогласил [[пезета]]та (поделена на 100 центи) како основна единица на шпанскиот монетарен систем. Првите монети биле исковани во [[1869]] година.
 
Со декрет-законот од [[19 март]] [[1874]] се ставил крај на системот кој се засновал на принципот различни банки да издаваат банкноти, а со тоа и доделување на целосната екслузивност на Банката на [[Шпанија]] да има монопол врз издавањето на банкоти во континентална Шпанија и нејзините острови, во замена за голем заем за покривање на финансиските барања на Владата. Другите банки биле приморани да изберат дали ќе работат како комерцијални банки, без можност да издаваат [[пари]] или да станат дел од Банка на Шпанија како нејзини овластени филијали.
Во тоа време златниот стандард почнал да преовладува во [[Европа]], во поголемиот дел од [[Америка]] и во [[Јапонија]]. Сепак, [[Шпанија]] не го прифатила тој стандард и нејзините банкноти никогаш не биле исклучиво конвертибилни во [[злато]].
За време на [[Граѓанска војна во Шпанија|Граѓанската војна]] ([[1936]]-[[1939]]) земјата била поделена на две области, една контролирана од страна на републиканската армија, а друга од страна на националистичката [[војска]]. Банката, исто така, била поделена на два дела, контролирани од двете конфронтирачки страни, а тоа довело до формирање паралелни институции, паралелни пезети, секоја призната единствено во сопствените области на делување.
Најголемиот дел од златните резерви на Банката бил испратен во [[Москва]] и се користел за финансирање на војната. По граѓанската војна, министерот за финансии, Жозе Лараз, ја презедол контролата и ја иницирал реконструкцијата на финансискиот сектор и на Банката на Шпанија.
 
== Органи на управување ==