Мормонизам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена (од 49.180.44.34) и ја поврати преработката 3471648 на Ehrlich91
с →‎top: Јазична исправка, replaced: протестантизам → протестантство
Ред 1:
Мормонизмот е религија која ја практикуваат [[Мормони]]те, и доминантна верска традиција на движењето Светци од последните денови. Ова движење го основа [[Џозеф Смит]] на почетокот на [[1820]], како облик на христијански примитивизам. Во текот на [[1830]]-тите и [[1840]]-тите, мормонизмот постепено се оддалечува од традиционалниот [[протестантство|протестантизам]]. Мормонизмот денес претставува нова, непротестантска религија која влечи корени од проповедите на Смит од 1840-тите. После неговата смрт, поголемиот број Мормони го следат Бригам Јанг до [[Карпести Планини|Карпестите Планини]], како на пример Црквата на Исус Христос на светците од последниот ден. Во друга гранка на мормонизмот спаѓа мормонскиот фундаментализам, кој настојува да ја задржи практиката и основата на тоа движење (како што е [[полигамија]]та). Изразот Мормон потекнува од Мормоновата книга, една од светите писма на оваа религија. На основата на таа книга раните следбеници се нарекувани Мормони, а верата Мормонизам. Терминот првобитно се сметал за навредлив, но повеќе не се смета (иако Мормоните повеќе сакаат да се нарекуваат светци од последните денови). Мормонизмот го дели заедничкиот собир на верувања со остатокот на движењата Светци од последните денови, вклучувајќи користење и верување во [[Библија]]та, како и други верски текстови, вклучувајќи ја и Мормоновата книга и Доктрини и завети. Мормонизмот го прифаќа Драгоцениот бисер како дел од својот свет канон, како и проповедањето на вечен брак, вечно напредување, и повеќечлен брак (иако Црквата на Исус Христос на светците од последните денови ја напуштила полигамијата во почетокот на [[20 век]]).
 
{{Христијанство-никулец}}
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Христијанство]]
[[Категорија:Протестантство]]