Разлика помеѓу преработките на „Британска Империја“

с
→‎Губењето на тринаесетте американски колонии: Јазична исправка, replaced: протестантизмот → протестантството
с (→‎Крајот на Империјата: Јазична исправка, replaced: Нанкинг → Нанѓинг)
с (→‎Губењето на тринаесетте американски колонии: Јазична исправка, replaced: протестантизмот → протестантството)
За време на 1760-тите и 1770-тите години, врските помеѓу Тринаесетте колонии и Британија значително се затегнале, главно поради обидите на британскиот парламент да воведе данок во американските колонии без нивна согласност, што го инспирирало составувањето на слоганот “нема оданочување без застапување”. Несогласувањата поради гарантираните права на жителите на американските колонии кои требало да бидат третирани као англичани, како последица ги предизвикале американската револуција и војната за независност во 1775 година. Следната година, жителите на колониите прогласиле независност на [[Соединетите Држави]]. Со помош од страна на Шпанија, Франција и Холандија Соединетите Држави влегле во војната во 1783 година.
 
Губењето на голем дел од Британска Америка, во тоа време најнаселената британска прекумерна колонија, историчарите го гледаат како настан кој го дефинира преминувањето помеѓу првата и втората империја, во која британците го пренасочиле своето внимание од Америка кон Азија, Пацификот и подоцна Африка. Книгата “Богатството на нациите”(Wealth of Nations) од Адам Смит која била издадена во 1776 година смета дека американските колонии биле заостанати и дека слободната трговија треба да ја замени старата трговска политика која го обележала првиот период од колониската експанзија од времето на протестантизмотпротестантството во Шпанија и Португалија. Растот на трговијата помеѓу новите и независни Соединети Држави и Британија по 1783 година само го потврдил мислењето на Смит дека политичката контрола не е неопходна за економски успех. Тензиите помеѓу двете нации се зголемиле за време на Наполеоновите војни, бидејќи Британија се обидувала да ја прекине трговијата помеѓу Франција и Америка и користела американски бродови со цел да привлече британци од кралската морнарица. Соединетите Држави објавиле војна во 1812 година во која двете страни се обдувале да остварат добивки на сметка на другата страна. Ниедна страна не успеала во ова и со договорот во Гент се задржале предвоените граници.
 
Настаните во Америка влијаеле врз британската политика во Канада каде што помеѓу 14000 и 100 000 поразени лојалисти емигрирале од Америка по независноста. Четиринаесетте илјади лојалисти кои пошле во речните долини на Сент Џон и Сент Крои, тогашни делови од Нова Шкотска, чувствувале дека се премногу оддалечени од провинциската влада во Халифакс па Лондон ја одвоил колонијата Њу Брунсвик како посебна колонија во 1784 година. Со Уставниот акт од 1784 година се оздале провинциите Горна Канада (главно англко говорно подрачје) и Долна Канада (главно француско говорно подрачје) за да се намалат тензиите помеѓу француските и британските заедници и за да се спроведат системи слични на британските, со цел да се наметне кралската власт и да не се дозволи народна контрола на владата за која семетало дека довела до Американската Револуција.