Филип Сидни: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
с Јазична исправка, replaced: протестантизмот → протестантството
Ред 1:
{{викифицирање}}
[[File:Sir Philip Sidney from NPG.jpg|thumb|]]
'''Сер Филип Сидни''' ({{роден на|30|ноември|1554}} - {{починал на|17|октомври|1586}}) e една од најистакнатите личности од елизабетанската ера. Познат во негово време, во [[Англија]], како поет, дворјанин и војник, денес се памети како автор на „Астрофел и Стела“ (напишана 1580, објавена 1590), „Одбрана на поезијата“ (напишана 1581, објавена 1595) и „Аркадија“ (напишана 1580, објавена 1590).<br />
 
Ред 11:
Неговата уметничка страна била многу помирољубива и позначајна за неговата слава. Додека бил отсутен од дворот, ја напишал првата верзија на „Аркадија“ и „Одбрана на поезијата“. Нешто порано, го запознал Едмунд Спенсер, кој му го посветил „Пастирски записи“ (Shepheardes Calendar). Бил дел од поетски здруженија и имал и други контакти со пријатели и современици-поети како: Фулк Гривил, Едвард Дајер, Едмунд Спенсер и Габриел Харви, од (можеби и измислениот) „Ареопагус“, хуманистички обид за да се класицира англискиот стих.
Сидни се вратил во дворот во средината на 1581. Истата таа година, Пенелопа Деверо била веќе омажена, наводно против нејзина волја, со лордот Рич. Сидни бил одликуван како витез во 1583. Претходните наместени обиди за свадба со Ен Сесил, ќерка на сер Вилијам Сесил, а подоцна и жена на де Вер, пропаднале во 1571. Во 1583, се оженил за Франсис, малолетна ќерка на сер Франсис Волсингхам. Следната година, го запознал [[Џордано Бруно]], кој потоа му посветил две книги на Сидни.
И преку своето семејно наследство и преку личното искуство (бил во куќата на Волсингхам, во [[Париз]], за време на Денот на масакрот на св. Вартоломеј), Сидни бил воено наклонет [[протестант]]. Во 1570-тите, го убедил Џон Касимир, да проповеда обиди за обединување на протестантите против [[католичката црква]] и [[Шпанија]]. Во раните 1580-ти, имал неуспешна расправија поради напад на самата [[Шпанија]]. Во 1585, неговиот ентузијазам во битката на протестантизмотпротестантството уште повеќе се засилил кога бил назначен за гувернер на Флашинг, [[Холандија]]. Во [[Холандија]], постојано инсистирал на смелост на неговиот претпоставен, вујко му, грофот од Лестер. Предводел успешен напад на шпанската армија, близу Аксел, во јули 1586 година.
Подоцна истата година го приклучил сер Џон Норис во Битката на Жутфен. За време на опсадата, бил застрелан во бедрото и починал по 26 дена. Според приказната, додека лежел ранет, му го дал своето шише со вода на друг ранет војник, при тоа кажувајќи му: „твојата потреба е поголема од мојата“. Ова можеби е најпознатата приказна за сер Филип Сидни, која ја покажува благородната страна на неговиот карактер.
Телото на Сидни било вратено во Лондон и погребано во катедралата „Св. Павле“ на 16 февруари 1587. И за време на неговиот живот, но особено по неговата смрт, за многу [[Англичани|Англичани,]], тој се смета за пример за дворјанин: и учен и вклучен во [[политика]], но во исто време и великодушен, храбар и импулсивен. Иако во политиката, во тоа време, не бил ништо повеќе од само една маргинална личност, бил запаметен како цутот на англиската мажественост во „Аристофел“ на Едмунд Спенсер, една од најдобрите елегии на англиската [[ренесанса]].
Раната биографија на Сидни била напишана од неговиот пријател и соученик, Фулк Гревил.
Алгернон Сидни, учесник во заговорот Рај Хаус, бил правнук на сер Филип Сидни.
Во Жутфен, [[Холандија]] има улица именувана по сер Филип Сидни. Има и статуа за него во паркот Коехорнсингел, каде англиските војници, кои загинале во битката на Жутфен биле привремено закопувани. На местото каде бил смртно ранет од шпанската војска има спомен плоча, која може да се најде на влезот на Варнсвелдсевег, југоисточно од католичките гробишта.
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Сидни}}
{{Нормативна контрола}}
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Сидни}}
[[Категорија:Англиски поети]]
[[Категорија:Луѓе од Тјудорскиот период]]