Фотиј I Цариградски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Правописна исправка, replaced: Вселенски Собор → вселенски собор
Ред 35:
}}
 
'''Фотиј I Цариградски''' ({{роден на|||820}} во {{роден во|Цариград|}} - {{починал на|6|февруари|893}}) — Вселенски патријарх во периодот од 858–867 и 877–886 година. По потекло, Фотиј бил [[Ерменци|Ерменец]]<ref>David Marshal Lang. The Armenians. A People in Exile. London, 1992, p.54. .</ref>.
 
Бил внук на светиот Патријарх Тарасиј, што значи од раѓање припаѓал на познато семејство кое верно ги почитувало светите икони. Свети Фотиј добил одлично образование и заради роднинските односи со императорскиот дом, бил поставен на должноста прв државен секретар во сенатот. Тој ги учел во науките младиот наследник на престолот Михаил и идниот просветител на [[Словени]]те рамноапостолниот Кирил.
 
Во 857 година, ко-императорот Михаил го отстранил од Константинополската катедра [[Игнатиј I Цариградски]]. Епископите, го посочиле на императорот Фотиј како човек кој бил достоен да го заземе првосветителскиот престол. Свети Фотиј со смирение го примил предлогот. Во текот на шест денови тој бил спроведен низ јерархиските чинови, а во денот на [[Христово Рождество |Христовото Рождество]] бил посветен за епископ со возведување на патријаршискиот престол.
 
Сепак, наскоро започнале конфликти во црквата, поттикнати од страна на Игнатиј. Во [[861]] година бил свикан Собор за прекратување на немирите, на кој биле потврдени отстранувањето на Игнатиј и изборот на патријархот Фотиј. [[Папа Никола I]], чии пратеници присутствувале на тој Собор, се надевал, утврдувајќи го Фотиј за патријарх, дека ќе го потчини под своја власт, но откако не го добил очекуваното, на Римскиот Собор го предал Фотиј на [[анатема]].
Ред 49:
Во [[867]] година императорскиот престол го зазел [[Василиј I]], кој го убил императорот [[Михаил III Пијаница]]. Фотиј го осудил убиецот и не дозволил да биде причестен. За таа одлука тој бил отстранет од патријаршискиот престол и затворен во [[манастир]] под стража. На негово место повторно бил поставен патријархот Игнатиј. Во Соборот што бил свикан за разгледување на постапките на светителот Фотиј, учествувале и папски легати, кои барале Соборот да потпише грамота за безусловно потчинување на целата Црква на судот на папата. Источните епископи не се согласиле со тоа и стапиле во спор со легатите. Фотиј, кога бил повикан на Соборот, со молчење одговорал на сите напади од легатите и само на прашањето поставено од судиите. Противниците на Фотиј по долги спорови победиле и немајќи никаква основа за да го осудат, му изрекле анатема на Патријархот Фотиј и на епископите кои го бранеле. Светителот бил испратен во заточение 7 години, каде според неговото сведоштво, «''само му благодарел на Господа, трпеливо носејќи ги неговите судови''…» Во тоа време латинскиот клир бил изгонет од [[Бугарија]] заради своеволиети на папата, а Патријархот Игнатиј таму испратил свои епископи.
 
Во [[879]], по смртта на Патријархот Игнатиј, бил свикан Собор (кој многумина отци на Црквата го нарекуваат [[Осми Вселенскивселенски Соборсобор]]) на кој повторно бил признат светителот Фотиј за законски пастир на Црквата. [[Папа Јован]] , кој лично го познавал Фотиј, преку свои пратеници на Соборот објавил дека ги повлекува сите претходни папски определби за Фотиј. Соборот ја признал неприкосновеноста на [[Никејски симбол на верата|Никејско-Цариградскиот Символ]], го отфрлил латинското искривување (''filioque''), ја признал независноста и рамноправноста на двата престола и на двете Цркви (Западната и Источната).
 
За време на наследникот на императорот Василиј, [[Лав VI Мудриот]], Фотиј повторно настрадал од клевета; бил обвинет за заговор против императорот. Откако го отстраниле од катедрата во [[886]] година, тој ги завршил своите денови во Армонијскиот манастир, во [[891]] година.
Ред 60:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Родени во 9 век]]
[[Категорија:Византиски филозофи]]