Иларион Мегленски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: Византиската империја → Византиското Царство
с →‎Борба со ересот: Правописна исправка, replaced: Вселенски Собор → вселенски собор
Ред 18:
Кога го виделе покрстувањето на својот народ, нивните старешини почнале да го навредуваат Иларион и го нарекувале лажливец и измамник. Иларион го нарекол нивното учење зло, безбожно, хулно и безумно. Еретиците разгневени зграбиле камења в раце и немилосрдно го каменувале Иларион додека тој не паднал на земја, па мислејќи дека е мртов – го оставиле. Кога Иларион се освестил, станал и отишол во својата келија, зашто местото на кое го каменувале било далеку од градот. Кога дознале за ова недело, собор православни луѓе еднодушно одлучиле да ги нападнат еретиците и до крај да ги истребат. Но, Иларион им го забранил тоа, говорејќи: ''„Не, деца мои, не – туку паметете ги Господовите зборови кажани на Петар: „Врати го својот меч во корицата, зашто секој што меч зема, од меч и ќе загине.”'' А кога закрепнал од добиените рани, Иларион продолжил да држи беседи и да ги крштева еретиците, воведувајќи ги во Соборната Црква.
 
Друг пат повторно некои дошле кај Иларион, говорејќи дека и тие православно мислат и дека ги држат сите црковни преданија. На нив Иларион им одговорил: „Соборната Вселенска Црква сѐ добро примила од очевидците на Божјиот Син – светите Апостоли и сѐ што ѝ е предадено таа неколебливо го држи до денес. Тоа и вие Ермените сте го држеле до Четвртиот Вселенскивселенски Соборсобор во Халкидон. Од тогаш сте се одделиле од Соборната Црква.” Тогаш некои од собраните христјани му напомнале на Иларион дека православната Црква многу Христови преданија изменила и дека многу обичаи не се како некогаш. Иларион на тоа им одговорил: „Затоа што Христос многу нешта поинаку ги предал, а Апостолите и наследниците направиле тие работи да се вршат поинаку, бидејќи верата се ширеше и тие ги распространуваа Христовите тајни. Така, на пример, кога Христос требало да се крсти – не се свртел на запад, ниту со зборови се одрекувал од сатаната, ниту го изговорил Символот на верата, ниту имало потреба од молитвата при крштевањето, ниту се крстил во крстилница, ниту со миро бил помазан, ниту веднаш по крштението се причестил со Господовото тело и Неговата крв, а ние сега сето тоа го правиме. Или пак, Христос не ја предал причеста по црквите, туку во заедничка соба на општа трпеза, а не бил ни облечен во свештенички одежди, ниту ги изговарал молитвите на нашето свештенодејство, а ние и служби вршиме во црквите и стоиме облечени во архиерејска одежда, зашто сакаме чинот на службата да го направиме поубав и пречесен.”
 
Византискиот император [[Мануил I Комнин]] го почитувал епископ Иларион, му испраќал различни дарови и друго што му беше потребно. Иларион придонел меѓу еретиците да настанат спорови и препирки секој ден, зашто едни ги фалеа неговите зборови, а други ја бранеа својата вера. И сѐ повеќе павликијани и богомили ја прифаќаа Православната вера. Гледајќи како се одвиваат работите, императорот Мануил беше многу задоволен и му напиша писмо на Иларион; целата богомилска ерес до крај да ја очисти од христијанското стадо, сите што ќе се покорат на догматите да бидат примени, а оние што не ќе се покорат – да се прогонат некаде далеку. И многу луѓе, кога го слушнаа тоа, од страв пристапија во Православната црква. А Иларион на местото каде што порано се собирале еретиците со своите монаси изградил црква во име на славните Апостоли. И многу следбеници на богомилското учење приброил кон православното стадо, а оние кои останале непокорни на разни начини биле истерани и прогонети.