Разлика помеѓу преработките на „Пела“

Додадени 20 бајти ,  пред 4 месеци
с
Правописна исправка, replaced: x → × (5), 3 м → 3 м, 5 м → 5 м, 0 м → 0 м
с (→‎Хиподамов план: Додадена категорија, replaced: Халкидики → Халкидик)
с (Правописна исправка, replaced: x → × (5), 3 м → 3 м, 5 м → 5 м, 0 м → 0 м)
=== Палата ===
 
Градот кој Ливиј го спомнува е само парцијално познат. Тој се состои од висок бедем од груби тули (од околу 50 см²) подигнат на камена основа; дел се наоѓа северно од палатата, а дел јужно кон езрото. Во бедемот, на северниот дел има три брда, а палатата е сместена на почесното место на средното брдо. Оваа област е само делумно истражена и зафаќа голем простор од некои 60,000  м²). Плеанот сѐ уште не се знае добро, но се поврзува со планот на самиот град (видете го дијаграмот).
 
Палатата во Пела се состоела од 7 големи архитектонски групи наредени во две редици, секоја со низа простории сместени околу квадратен централен двор, обично со [[портик|портици]]. Досега археолозите имаат препознаено [[палестра]] и [[јавна бања|бањи]]. Јужната фасада на палатата, која гледа кон градот, се состоела од големо (долго најмалку 153  м) [[портик]], кој лежел на основа со висина од два метра. Соодносот помеѓу четирите главни комплекса е дефиниран со прекин во портикот со [[пропилеум]], со висина од 15  м, кој давал монументалност на градбата гледано од градот.
 
Одредувањето на староста на пшалатата е малку проблематично: големите згради веројатно се од времето на Филип II, додека останатите се постари. Бањите датираат од времето на кралот [[Касандар]].
Самиот град се наоѓал јужно и под палатата. Бил распореден по [[решеткаст план]] обмислен од [[Хиподам од Милет]]. Се состоел од две низи на паралелни улици кои се пресекувале под прав агол, правејќи решетка од осум реда на квадратни блокови. Овие блокови се со стандардна ширина (околу 45 m) и должина која варирала од 111 до 152 m, а најчеста должина била 125 m. Улиците биле широки од 9 до 10 m, освен главната артерија исток-запад, која била до 15 m во ширина. Оваа улица е главниот пристап до јавната [[агора]] во центарот, која зафаќала место за 10 блока. Исто така пошироки од останатите биле две улици север-југ кои воделе до пристаништето на југ. Сите улици имале водовод, одвод и канлизација.
 
Овој план датира од првата половина на IV век п.н.е. и по дизајн е многу близок до идеалниот, иако отскокнува по големината на блоковите; на пример [[Олинт]] и [[Халкидик]] имале блокови со димензии 86,3 x× 35 m. Подоцнежните хеленски градови имаат блокови слични на оние на Пела: 112 x× 58 m во ''[[Латакија]]'' или 120 x× 46 m во [[Алеп]].
 
[[Агора]]та се наоѓала на почесно централно место, со димензии 200 x× 181 m или 262 x× 238 m ако се бројат [[портик|портиците]] што ја опкружуваат од сите страни.
 
== Археологија ==