Отон I (Грција): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Наводи: Додадена категорија
с →‎Крал на Грција: Правописна исправка, replaced: Православието → православието
Ред 28:
Отон I пристигнал во [[Грција]] во почетокот на [[февруари]] [[1833]] година заедно со назначено од неговиот татко регентство и со армија од 3.500 баварски војници и офицери, кои според протоколот на силите Грција требала да ги прифати на свој терет. На чело на регентскиот совет на малолетниот Отон застанал грофот [[Јозеф Лудвиг фон Армансберг]]. Регентството го вовел германскиот јазик како службен јазик на администрацијата и скоро сите административни и државни служби ги пополнило со [[Баварци]]. Ова управување во [[Иторија на Грција|историјата на Грција]] е познато како "''ксенократија''" (управување на странците) или уште попрецизно - "''баварократија''" (Βαυαροκρατία, баварско управување).
 
Во почетната фаза од управувањето си Отон I и неговото [[регентство]] требало да се справат со големата криза која владеела во земјата. На прво место била ситуацијата со илјадниците бегалци од [[Турција]], кои немале сопствена земја и немале со што да се прехрануваат. Грција била задолжена со исплата на огромен заем од 60 милиони франци кој и бил даден од страна на големите сили. Затоа регентството вовело бројни даноци. Грците многу бргу се нашле во ситуација полоша и од онаа кога биле под власта на Отоманите. Истовремено, Грција била зафатена и од внатрешни конфликти. Покрај тоа, Ото, католик по раѓање, одбивал да го прифати Православиетоправославието, што го направило еретик во очите на неговите поданици. Незадоволството од ''Баварократијата'' довело до обид за државен удар на чело со Колокотронис, кој бил уапсен и осуден на смрт, но подоцна пресудата му била заменета со 20-годишен затвор. На Пелопонез избувнало востание, кое било задушено од страна на властите.
 
Значителни успеси новата власт постигнала во областа на законодатеството, администрацијата и судството. Така биле донесени закони, врз база на римското право, а освен тоа биле основани и повеќе судови. Во тоа време биле отворени голем број на училишта и болници. Грчката црква се одделила од Цариградската патријаршија и бил формиран петчлен синод, кој управувал со истата.