Втор вселенски собор: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Vlad5250 (разговор | придонеси)
с сеуште -> сѐ уште
с Правописна исправка, replaced: Православиетоправославието
Ред 11:
| documents = [[Симбол на верата]]
}}
'''Вториот Вселенски собор''' ([[грчки]]: ''Η Β΄ Οικουμενική Σύνοδος''; ''Πρώτη Σύνοδος της Κωνσταντινούπολης'' - Прв Константинополски Собор) е вселенски собор одржан во [[Константинопол]] од [[мај]] до [[9 јуни]] [[381]] година. Соборот бил свикан од страна на императорот [[Теодосиј I Велики]] ([[379]]-[[395]])<ref>[[Socrates Scholasticus]], ''Church History'', book 5, chapters 8 & 11, puts the council in the same year as the revolt of Magnus Maximus and death of Gratian.</ref><ref>Heather and Matthews, ''Goths in the Fourth Century'', p. 136.</ref>, православен император со шпанско потекло, со цел да се стави крај на [[Аријанство|аријанскиот спор]] кој продолжил и по [[Прв вселенски собор|Првиот вселенски собор]] во [[Никеја]]. На продолжување на аријанската контроверза придонело и прогонството на [[свети Атанасиј Велики]], како и поддршката која аријанците ја добивале од страна на наследниците на [[Константин Велики]] - [[Констанциј II]], [[Констанца]] и [[Валенс]].
 
== Историски околности ==
 
[[Свети Григориј Богослов]] бил архиепископ на Константинопол во [[379]] година. Во тоа време, во [[Цариград]] сѐ уште биле присутни голем број на еретици - аријанци, поради што свети Григориј вршел богослужби во обична куќа, која подоцна била наречена Анастасија (''Воскресение'') затоа што преку неа навистина воскреснало [[Православиеправославие]]то. На соборот во [[Константинопол]] биле присутни околу 150 (сто и педесет) [[епископ]]и.
 
== Карактер и цели ==
Ред 21:
На овој собор бил потврден Никејскиот [[Симбол на верата]], како и [[свети Григориј Богослов]] како единствен вистински [[Патријарх на Константинопол]], наспроти обидите на другата страна на незаконски начин да го постават нивниот кандидат, [[Максим Киник]].
 
Исто така, биле осудени следните еретици и нивните следбеници: евномијанците (по [[Евномиј Кизички]]), савелијанци (по Савелиј), фотиновци (по Фотин, Епископ Сирмјумски), аполинариевци (по Аполинариј Лаодикиски), маркелијанци (по Маркел Анкирски), а пред сите нив, осудени се духоборците (пневматомахи) или трпици, кои уште се наречени и македонијани, по [[Македониј I Константинополски |епископот Македониј]], нивниот духовен отец. Духоборците во завршните соборски списи се нарекуваат и полуаријанци; на самиот Собор биле присутни дури 36 епископи [[македонијани]], предводени од [[Елевсиј Кизички]]. Тие признавале дека [[Исус Христос|Синот Божји]] е единосуштен на [[Бог Отец|Отецот]], но не исповедале дека [[Светиот Дух]], Третата [[Ипостас]] на [[Света Троица]] е вистински Бог. Напротив, хулеле и сметале дека «''Светиот Дух е створен, и дека не е достоен за божествено почитување и поклонување''» Поради тоа што не се покајале, биле осудени и го напуштиле соборот.
 
== Тек и одлуки ==
 
Со соборот на почеток претседавал [[свети Мелетиј Антиохиски]] кој се упокоил додека соборот траел. На тој начин, Антиохиската катедра останала испразнета, додека истовремено бил актуелен антиохискиот раскол со кој овој Собор исто така се занимавал. И покрај контроверзите околу изборот на Павлин зе епископ, за наследник на [[Мелетиј]] бил избран презвитерот [[Флавијан Константинополски]]. Во текот на Соборот, свети Григориј тешко ги прифатил критиките упатени поради наводното незаконско поставување на Цариградската Катедра, и тој се повлекол во местото [[Аријанз]], каде и останал сѐ до упокојувањето во [[390]] година.
 
За Патријарх бил избран градоначалникот [[Несториј Константинополски|Нектариј]], кој и претседавал со соборот наместо упокоениот Мелетиј. На овој собор се дополнил [[Симбол на верата|Симболот на верата]], добивајќи ја конечната верзија која до ден денес во неизменет облик се користи во Православната Црква. Најважно догматско дело на овој Собор е учењето за Бога Светиот Дух, содржано во осмиот член на Симболот. Покрај овој член, биле дефинирани уште три други со кои се исповеда верата во црквата, Крштението, [[Воскресение]]то на мртвите и вечниот живот.
 
Светите Отци на Вториот вселенски собор, без употреба на зборот „''единосуштен''“, потврдиле дека Светиот Дух е „''''сопоклонуван и сославуван заедно со Отецот и Синот''.''“ Аполинаријанството е отфрлено со додавањето на: „''''од Светиот Дух и Марија Дева''''“ во членот за раѓањето на Синот Божји.
 
Биле донесени и седум [[канон]]и, кои ги регулираат правата на Епископите, првенството по чест, како и примањето на еретиците назад во црквата.
 
== Наводи ==
Ред 39:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Црквени собори во 4 век]]
[[Категорија:Црквени собори прифатени од Православната црква]]