Гибралтар: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Историја: Форматна исправка, replaced: 1 год. → 1 г.
с →‎Историја: Јазична исправка, replaced: афричк → африканск
Ред 94:
== Историја ==
[[File:Gibraltar location mk.svg|thumb|left|200px|Местоположба на Гибралтар во Шпанија.]]
Гибралтар бил населен уште од [[Неандерталец|Неандерталскиот човек]]. Првиот историски народ за кој се знае дека таму се населил биле [[Феникија|Феникијците]] околу 950 п.н.е., а подоцна [[Картагина|Картагинците]] и [[Антички Рим|Римјаните]]. Во античко време, карпите на двете страни од Гибралтарскиот проток се нарекувале ''Столбови на Херкул'', бидејќи, според легендата, [[Херкул]] го создал теснецот пресекувајќи ја планината Атлас со еден удар со својот топуз, и така ги споил Медитеранот и Атлантикот. После падот на Римското Царство, Гибралтар за кратко бил под контрола на [[Вандали]]те, а потоа на [[Визиготи]]те до 30.04.711 г., кога потпаднал под власт на Умајадскиот калифат. Генералот Тарик Ибн-Зијад, предводел војска претежно составена од [[Бербери]] со која го преминал протокот од афричкатаафриканската кон европската страна и го освоил Гибралтар.
 
Првите тврдини и трајна населба била изградена од султанот Абд ал-Мумин. Остатоците од тие тврдини се видливи и денес. Гибралтар подоцна станал дел од [[Кралството Гранада]] до 1309 година, кога кратко бил окупиран од [[Кастилја|кастиљските]] војски. Во 1333, бил освоен од од Маринидите (една берберска династија) кои ја окупирале муслиманска Шпанија. Маринидите го препуштиле Гибралтар на Кралството Гранада во 1374. Конечно, во 1462 година Гибралтар бил освоен од Војводата од Медина Сидонија, со што завршиле 750-те години на Арапско-Берберска доминација.