Дикембе Мутомбо: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: кој што → којшто (2) using AWB
с Јазична исправка, replaced: Анѓелес → Анџелес (2)
Ред 13:
По 1995-96 НБА сезона, договорот на Мутомбо со Денвер истече и тој потпиша договор како слободен агент со Атланта Хоукс. Мутомбо продолжи да прикажува одлични одбранбени бројки со новиот тим. Со потпишувањето со Атланта стана позабележителен, што му помогна да освои уште две награди Дефанзивен Играч на Годината и заработи избор во неколку Најдобри-Одбранбени тимови. Исто така стана познат по своето препознатливо нишање на прстот, којшто ќе го посочи кон противничкиот играч после изблокиран шут на тој играч. За време на скратената 1999 сезона поради локаут, тој ја освои ИБМ наградата на НБА, која се дава на играч преку компјутеризирана формула.
=== Филаделфија севентисиксерс (76ки) ===
Атланта го размени Мутомбо во водечката екипа во Источната Конференција, Филаделфија, во Февруари 2001 година за нивниот повреден центар Тио Ретлиф, бидејќи на Филаделфија им требаше добар, силен играч за д аим парира на моќните Тим Данкан или Шекил О’Нил од Западната Конференција ако успеат да стигнат до финалето. Тој ја освои наградата за Одбранбен Играч на Годината по четврти пат и се пласира во НБА финалето, каде што Филаделфија изгуби од Лос АнѓелесАнџелес Лејкерс со четири натпревари спрема еден. Како слободен играч тој повторно потпиша со Филаделфија по сезоната. Иако неговата статистика беше слична на онаа од 2001-02 сезона, Филаделфија го продадоа на Њу Џерси Нетс, плашејќи се дека неговата игра се влошува.
=== Њу Џерси Нетс ===
Њу Џерси бараа посилен висок играч кој ќе се носи со Шекил О’Нил и Тим Данкан, двајца од најдобрите високи играчи во лигата коишто предводеа тимови од шампински калибар на Западот. Но Мутомбо поголемиот дел од сезоната го помина со измачувачка повреда која што го ограничи на само 24 натпревари. Тој воглавно не беше во можност да игра во Плејофот, обично служејќи како шести играч во второто последователно финале на Њу Џерси.
Ред 19:
Во Октомври 2003 година, Њу Џерси го исплатија остатокот од неговиот договор И веднаш после тоа го отпуштија. Тој потпиеша двогодишен договор со Њујорк Никс неколку дена потоа. Њујорк понатаму го размени во Чикаго Булс во пакет за Џамал Крофорд. Тој никогаш не заигра за Чикаго и тие го продадоа на Хјустон Рокетс во предсезоната 2004 година.
=== Хјустон Рокетс ===
Мутомбо најскоро играше како резерва зад Јао Минг, формирајќи ја една од најпродуктивните центарски двојки во лигата. Во својата прва сезона во Хјустон (2004-05) Мутомбо имаше просек од 15,2 минути, 5,3 скокови и 4 поени по натпревар. Хјустон изгубија во првото коло од Далас Маверикс. Во 2007-08 сезона, Мутомбо повторно доби забележителна минутажа кога Јао Минг се здоби со скршена коска и имаше двоцифрен просек на скокови како стартер. Додатната минутажа му овозможи на Мутомбо да продолжи да реди блокади во рекордно темпо. На 10 Јануари, 2008 година, во 102-77 уништувањето на Лос АнѓелесАнџелес Лејкерс, Мутомбо забележа 5 блокади и го помина Карим Абдул-Џабар во вкупниот број на блокади во кариерата. Мутумбо е втор зад Хаким Олајџувон. Исто така, на 2 Март 2007 година, во поведата над Денвер, на возраст од 41 година, Мутомбо стана најстариот играч во историјата на НБА да забележи повеќе од 20 скока на натпревар со 22.
 
После размислувањето за пензионирање и поминувајќи го првиот дел од 2008 како непотпишан, незабранет, слободен агент, на 31 Декември 2008 година, Мутомбо потпиша со Хјустон Рокетс за остатокот од 2008-2009 сезона. Тој изјави дека 2009 сезона ке проштална турнеја и негова последна.