Викторија Бекам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: наочари → очила (3)
с →‎Мода: Јазична исправка, replaced: Анѓелес → Анџелес
Ред 69:
=== Мода ===
Бекам стана повеќе позната како меѓународна модна икона отколку како музички изведувач. Бекам беше почесна гостинка на модната ревија за [[Марија Грехвогел]] во 2000 година, а тоа и овозможи да учествива и на Лондонската модна недела како модел. Бекам исто така беше и амбасодорка за [[Долче и Кабана]] и беше заштитно лице на [[Рокавеар]] во 2003 година.
Во 2004 година Бекам дизајнираше уникатна модна линија за [[Рок& Репаблик]] наречена [[ВБ Рокс]], која содржеше главно фармерки за високата мода на светскиот пазар, кои во [[САД]] чинеа 300 долари. Таа претходно имала добра соработка со дизајнерот нa [[Рок & Репаблик]], [[Мајкл Бал]], во [[Лос АнѓелесАнџелес]]. Тој за неа изјави дека таа не само што се разбирала во модата и трендовите туку и самата е модна икона веќе долго време.
На 16 јануари 2006 година , таа беше модел на пистите за [[Роберто Кавали]] на модната ревија во Милано, и извесно време тој беше и нејзин дизајнер за некои посебни настани и за на црвениот тепих. За изданието на списанието [[Харперс Базар]] 2006 година, Бекам беше моден советник за модното фотографирање на нејзината блиска пријателка [[Кејти Холмс]]. Во јули 2006 година , Бекам промовираше линија на очила наречена [[dvb Eyewear]]. Таа изјави дека е голем љубител на очила за сонце. “Ги имам старите и уникатни [[Гучис]] и [[Карерас]]- тие можат да направат да секоја облека изгледа прекрасно”, изјави Бекам. По нејзиното заминување од [[Рок& Репаблик]] во септември 2006 година, за да ги продолжи нејзините модни планови таа направи своја колекција од фармерки со што стана и креативен директор. Нејзината нова линија на фармерки се вика [[dvb Стајл]]. Истиот месец беше пуштена во продажба нејзината линија на парфеми, машки и женски парфем наречен “Интимно со Бекам” , и беа претставени и се делеа бесплатно на прес конференцијата во Венеција. Подоцна таа ја претстави и својата официјална интернет страна [[dvbstyle.com]], на која што беше прикажана целата нејзина работа со модата. Таа исто така издаде и колекција од ташни и накит во соработка со jапонската продавница [[“Саманта Таваса”]].