Антифосфолипиден синдром: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: '''Антифосфолипиден синдром''' е автоимуна, хиперкоагулабилна состо...
(нема разлика)

Преработка од 00:04, 5 јули 2020

Антифосфолипиден синдром е автоимуна, хиперкоагулабилна состојба предизвикана од антифосфолипидни антитела. Предизвикува појава на тромбоза во артериите и вените како и компликации за време на бременоста како абортус, смрт на плодот, предвремено породување и сериозна прееклампсија. Дијагностички критериуми се еден клинички настан (т.е. тромбоза или компликација во текот на бременоста) и два позитивни крвни тестови на растојание од најмалку три месеци кои детектираат лупус антикоагуланс, анти-аполипопротеински антитела или анти-кардиолипински антитела.[1]

Антифосфолипидниот синдром може да биде примарен или секундарен. Примарниот антифосфолипиден синдром се јавува во отсуство на друга болест која го предизвикува. Секундарниот антифосфолипиден синдром се јавува како резултат на автоимуна болест, како што е системски лупус еритематозус (СЛЕ).

Антифосфолипидниот синдром често мора да биде третиран со антикоагулантни лекови како хепарин за да се намали ризикот од понатамошни епизоди на тромбоза и да се подобри прогнозата при бременост. Варфаринот не се користи за време на бременост бидејќи ја преминува плацентата, за разлика од хепаринот, и е тератоген.

  1. „Aps | Action“. Apsaction.org. Архивирано од изворникот на 2013-07-25. Посетено на 2013-11-06.