Народна банка на Србија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 63:
* кредитни и депозитни олеснувања: Постојаните олеснувања на централната банка ги опфаќаат кредитните и депозитните олеснувања кои на банките им се постојано достапни. Тие операции имаат прекуноќна рочност, а ги иницираат банките. Кредитните олеснувања опфаќаат користење на [[кредит]]и за одржување на дневната ликвидност на банките врз основа на залог на квалификувани хартии од вредност. Под [[депозит]]ни олеснувања се подразбира прекуноќно депонирање на вишокот ликвидни средства на банките кај Народната Банка на Србија. Каматните стапки на постојаните олеснувања претставуваат еден вид коридор на каматните стапки на меѓубанкарскиот [[пазар на пари]]. Тие претставуваат важен фактор во процесот на управување со [[ликвидност]]а на банкарскиот сектор, влијаејќи на тоа да се намалат флуктуациите на краткорочните каматни стапки на меѓубанкарскиот пазар, кои би биле поизразени доколку не постојат овие олеснувања. Каматните стапки на постојаните прекуноќни олеснувања се одредуваат според висината на референтната каматна стапка.
* интервенции на девизниот пазар: Во режимот на таргетирање на инфлацијата, девизните интервенции ретко се користат и тоа како секундарен инструмент кој придонесува за остварување на целната стапка на инфлација кога се исцрпени можностите за ефективно влијание на референтната каматна стапка врз инфлацијата. Народната Банка на Србија девизните интервенции ги спроведува исклучиво поради: ублажување на прекумерната дневна флуктуација на девизниот курс на динарот; обезбедување финансиска стабилност; и одржување адекватно ниво на девизни резерви.
 
===Процес на одлучување за монетарната политика===
Одлуките за монетарната политика ги донесува Извршниот одбор на Народната банка на Србија. Извршниот одбор донесува одлуки на седници, со мнозинство гласови од сите членови. Во случај на изедначен број гласови, одлучува гласот на гувернерот. Одлуките на Извршниот одбор за референтната каматна стапка се засноваат на анализа на макроекономските движења, проекција на инфлацијата и анализа на отстапувања од проектираната инфлација. Проекцијата за инфлацијата се подготвува квартално и се објавува како составен дел од извештајот за инфлацијата (февруари, мај, август и ноември). Референтната каматна стапка се менува во согласност со економските движења и проекциите на динамиката на инфлацијата, така што придонесува за одржување на инфлацијата во предвидената рамка.<ref>[https://www.nbs.rs/internet/cirilica/30/30_5/index.html Официјално мрежно место на Народна банка на Србија (пристапено на 10.5.2020)]</ref>
 
==Пари во оптек==
Народната банка на Србија има ексклузивно право да издава банкноти и монети во Република Србија. Српскиот динар е официјалната валута во Србија. Меѓународната ознака на [[динар]]от е RSD. Народната банка на Србија издава банкноти и монети, ги утврдува деноминациите и основните карактеристики на банкнотите и монетите и донесува одлуки за издавање и повлекување на банкноти и монети. Печатењето на банкноти и монети се врши од специјализирана организација на Народната банка на Србија - Институт за банкноти и производство на монети - Топџидер. Динарот има девет деноминации на банкноти: 10 динари, 20 динари, 50 динари, 100 динари, 200 динари, 500 динари, 1000 динари, 2000 динари и 5000 динари. Покрај тоа, динарот има пет деноминации на монети: 1 динар, 2 динари, 5 динари, 10 динари и 20 динари.<ref>[https://www.nbs.rs/internet/cirilica/75/index.html Официјално мрежно место на Народна банка на Србија (пристапено на 10.5.2020)]</ref>
 
==Финансиска стабилност==
Освен основната цел, Народната Банка на Србија има за цел и чување на финансиската стабилност, односно да допринесува за зачувување и јакнење на финансискиот систем на Република Србија. Во рамките на активностите за одржување на финансиската стабилност, Народната банка на Србија:<ref>[https://www.nbs.rs/internet/cirilica/18/index.html Официјално мрежно место на Народна банка на Србија (пристапено на 10.5.2020)]</ref>
* спроведува редовни и сеопфатни анализи на макроекономското опкружување и на функционирањето на клучните [[Финансиски институции|финансиски институции]], пазари и инфраструктури;
* дава преглед на [[Ризик|ризиците]] што ја загрозуваат стабилноста на финансискиот систем;
* ги идентификува трендовите што можат да ја зголемат ранливоста на финансискиот систем;
* покренува дискусија за новите [[Регулација на банките|регулаторни]] иницијативи и нивното потенцијално влијание врз финансискиот систем и реалната [[економија]].
 
===Макропрудентна рамка===
Основните цели на [[Макропрудентна политика|макропрудентната политика]] на Народната банка на Србија се:<ref>[https://www.nbs.rs/internet/cirilica/18/18_5/index.html Официјално мрежно место на Народна банка на Србија (пристапено на 10.5.2020)]</ref>
* ублажување и спречување на прекумерен кредитен раст и финансиска зависност;
* спречување на настанок или зголемување на позначително времено несовпаѓање помеѓу изворите на средства и пласманите на финансиските институции;
* спречување на појава или ограничување на концентрацијата на изложеност на финансиските институции кон специфични сектори или поединечни видови на средства;
* ограничување на системските последици од несоодветни стимулации, во смисла фаворизирање на одредени финансиски институции, со цел да се намали [[Морален хазард|моралниот хазард]];
* јакнење на отпорноста на финансиската структура.
 
==Односи со странство==
===Односи со ММФ===
Поранешната [[Социјалистичка Федеративна Република Југославија]] била една од земјите кои учествуваа на Бретонвудската конференција (1944) и основач на [[Меѓународниот монетарен фонд]] (ММФ) и С[[Светската банка|Светската банка]]. Со одлуката на Одборот на извршни директори на ММФ од 14 декември 1992 година прекинало членството на СФРЈ во ММФ, а во исто време биле утврдени и условите под кои земјите-наследници би можеле да го наследат членството во СФРЈ во ММФ. Од активата и пасивата на СФРЈ во ММФ, [[СР Југославија]] учествувала со 36,52%. На 20 декември 2000 година, Управниот одбор на ММФ донесол одлука, со ретроактивно дејство од 14 декември 1992 година (Соопштение за медиуми бр. 00/75), дека СР Југославија ги исполнува условите за членство во таа институција. По осамостојувањето на [[Република Црна Гора]], [[Република Србија]] ја наследила меѓународната правна субјективност на државната унија на Србија и Црна Гора и го продолжила своето членство во меѓународни финансиски организации. На 21 јули 2006 година, ММФ го потврдил континуитетот на Република Србија во однос на државната унија на Србија и Црна Гора (соопштение за медиуми бр. 06/161), како и ја потврдил постојната квота од 467,7 милиони [[Специјални права за влечење|специјални права за влечење]] и сите права и обврски што произлегуваат од тоа членство. Гувернерот на Народната банка на Србија ја извршува функцијата гувернер на Република Србија во Меѓународниот монетарен фонд, а вицегувернерот на Народната банка на Србија ја извршува функцијата заменик-гувернер на Република Србија во ММФ. Република Србија е членка на конституенцата на [[Швајцарија]], изборна групација преку која го остварува своето право на глас во ММФ и Светската банка од декември 2000 година. Земјите-членки што ја сочинуваат конституенцата во ММФ се: Швајцарија, Полска, Србија, Туркменистан, Казахстан, Азербејџан, Киргистан и Таџикистан. Во 2009 година, Белград бил домаќин на состанокот на конституенцата на Швајцарија. Редовната соработка на Република Србија со ММФ се одвива во рамките на годишните консултации согласно член IV од Статутот на оваа институција. Ваквите консултации се законска обврска на земјите-членки, врз основа на кои ММФ прави проценка на економската состојба во земјата и соодветноста на мерките за економска политика.<ref>[https://www.nbs.rs/internet/cirilica/40/40_1/index.html Официјално мрежно место на Народна банка на Србија (пристапено на 10.5.2020)]</ref>
 
===Улогата на Народната банка на Србија во европската интеграција===
Од почетокот на процесот на пристапување на Република Србија во [[Европската унија]], Народната банка на Србија е активен учесник во сите фази на процесот, а усогласувањето на правната и институционалната рамка со критериумите и стандардите во Европската унија е еден од приоритетите. Народната банка на Србија во рамките на процесот на преговори е институција која претседава за одредени области на законодавството, како што се: финансиски услуги, економската и монетарната политика.<ref>[hhttps://www.nbs.rs/internet/cirilica/40/40_2/index.html Официјално мрежно место на Народна банка на Србија (пристапено на 10.5.2020)]</ref>
 
== Наводи ==