Народна банка на Србија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Наводи: дополнување
Ред 56:
* одржува конференции за за објаснување на причините поради кои се донесени одлуките на Извршниот одбор, како и за одговарање на сите евентуални прашања на јавноста;
* објавува Извештај за инфлацијата тромесечно, кој претставува најважно средство за информирање на јавноста околу случувањата во економијата која ја определуваат одлуките на Извршниот одбор и активностите на централната банка.
 
===Инструменти на монетарната политика===
Референтната каматна стапка е основниот инструмент на монетарната политика на Народна Банка на Србија. Оваа каматна стапка Народната Банка на Србија ја применува во спроведувањето на главните операции на отворениот пазар. Останатите инструменти на монетарната политика се:<ref>[ https://www.nbs.rs/internet/cirilica/30/30_4/index.html Официјално мрежно место на Народна банка на Србија (пристапено на 10.5.2020)]</ref>
* операции на отворен пазар: Со операциите на отворениот пазар Народната банка на Србија врши привремена и трајна купопродажба на хартии од вредност. Со нив се влијае врз нивото на краткорочните каматни стапки, односно нивото на расположливите ликвидни средства на банките. Народната Банка на Србија операциите на отворен пазар ги спроведува со цел да ја регулира [[ликвидност]]а на банкарскиот сектор и да влијае врз движењата на краткорочните каматни стапки.
* задолжителни резерви: Народната Банка на Србија задолжителната резерва ја користи како помошен инструмент само кога се исцрпени ефектите на останатите пазарни мерки на монетарното регулирање. Одлуката околу висината на стапката, како и основата за пресметување на задолжителната резерва, ја донесува Извршниот одбор на Народната Банка на Србија.
* кредитни и депозитни олеснувања: Постојаните олеснувања на централната банка ги опфаќаат кредитните и депозитните олеснувања кои на банките им се постојано достапни. Тие операции имаат прекуноќна рочност, а ги иницираат банките. Кредитните олеснувања опфаќаат користење на [[кредит]]и за одржување на дневната ликвидност на банките врз основа на залог на квалификувани хартии од вредност. Под [[депозит]]ни олеснувања се подразбира прекуноќно депонирање на вишокот ликвидни средства на банките кај Народната Банка на Србија. Каматните стапки на постојаните олеснувања претставуваат еден вид коридор на каматните стапки на меѓубанкарскиот [[пазар на пари]]. Тие претставуваат важен фактор во процесот на управување со [[ликвидност]]а на банкарскиот сектор, влијаејќи на тоа да се намалат флуктуациите на краткорочните каматни стапки на меѓубанкарскиот пазар, кои би биле поизразени доколку не постојат овие олеснувања. Каматните стапки на постојаните прекуноќни олеснувања се одредуваат според висината на референтната каматна стапка.
* интервенции на девизниот пазар: Во режимот на таргетирање на инфлацијата, девизните интервенции ретко се користат и тоа како секундарен инструмент кој придонесува за остварување на целната стапка на инфлација кога се исцрпени можностите за ефективно влијание на референтната каматна стапка врз инфлацијата. Народната Банка на Србија девизните интервенции ги спроведува исклучиво поради: ублажување на прекумерната дневна флуктуација на девизниот курс на динарот; обезбедување финансиска стабилност; и одржување адекватно ниво на девизни резерви.
 
== Наводи ==