Разлика помеѓу преработките на „Народна банка на Србија“

→‎Наводи: дополнување
(→‎Наводи: дополнување)
 
Народна банка на Србија е правно лице со седиште во [[Белград]]. Таа може да образува филијали кои немаат статус на правно лице, а нивната внатрешна организација, делокруг и должност се одредени со Статутот на Народна банка на Србија. Народна банка на Србија во својот состав има специјализирани организации, Завод за изработка на книжни [[пари]] и монети – [[Топчидер]], чии обврски и одговорности се одредуваат со законот за Народна банка на Србија и Статутот на Народната банка на Србија.<ref>[http://www.nbs.rs/internet/cirilica/10/index.html Официјално мрежно место на Народна банка на Србија (пристапено на 10.5.2020]</ref>
 
==Монетарна политика==
Основна цел на Народната Банка на Србија е постигнување и одржување стабилност на цените. Не доведувајќи ја во прашање основната цел, Народната Банка на Србија ја поддржува економската политика на Владата, која постигнува одржлив економски раст.
<ref>[https://www.nbs.rs/internet/cirilica/10/index.html Официјално мрежно место на Народна банка на Србија (пристапено на 10.5.2020)]</ref> [[Таргетирање на инфлацијата|Таргетирањето на стапката на инфлација]], како годишна процентуална промена на индексот на потрошувачки цени, е единствениот нумерички показател за монетарната политика која ја спроведува Народната Банка на Србија. Народната Банка на Србија настојува и да го поддржи спроведувањето на [[Економска политика|економската политика]] на Владата под услов со тоа да не е загрозено остварувањето на таргетирање на стапката на инфлација, ниту стабилноста на финансискиот систем. Народната Банка на Србија постигнува таргетирање на стапката на инфлација со промена на референтната [[каматна стапка]], која се применува во спроведување на главните операции на монетарната политика. Таа каматна стапка претставува основен инструмент на монетарната политика, додека останатите [[Инструменти на монетарната политика|инструменти]] придонесуваат за непречена [[Трансмисионен механизам на монетарната политика|трансмисија]] на влијанието на референтната каматна стапка на пазарот, како и за развој на [[Финансиски пазар|финансискиот пазар]]. Корекциите на референтната каматна стапка се засновани на анализите на моменталната економска ситуација, оцените на идните движења и среднорочните проекции на инфлацијата.Народната Банка на Србија спроведува режим на управуван [[флуктуирачки девизен курс]], кој подразбира право на интервенција во случај на дневни осцилации на [[Девизен пазар|девизниот пазар]], загрозеност на финансиската и ценовната стабилност и заштита на адекватно ниво на девизни резерви. Целната стапка на инфлација ја утврдува Народната Банка на Србија со соработка со Владата, преку основни анализи на тековните и очекуваните макроекономски движења и среднорочен план за корекција на цените на кој Владата има директно или индиректно влијание. Работејќи на транспарентен начин и одговорно према јавноста, Народната Банка на Србија:<ref>[https://www.nbs.rs/internet/cirilica/30/30_3/index.html Официјално мрежно место на Народна банка на Србија (пристапено на 10.5.2020)]</ref>
* објавува соопштенија од седницата на Извршниот одбор истиот ден кога седницата е одржана;
* одржува конференции за за објаснување на причините поради кои се донесени одлуките на Извршниот одбор, како и за одговарање на сите евентуални прашања на јавноста;
* објавува Извештај за инфлацијата тромесечно, кој претставува најважно средство за информирање на јавноста околу случувањата во економијата која ја определуваат одлуките на Извршниот одбор и активностите на централната банка.
 
== Наводи ==
[[Категорија:Централни банки|Србија]]
[[Категорија:Банки во Србија]]
[[Категорија:Економија на Србија]]
[[Категорија:Банкарски систем на Србија]]