Страил страшен војвода: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
(нема разлика)

Преработка од 17:39, 4 јули 2020

Страил страшен војвода - македонска епска народна песна.

Содржина

Пашата собрал страшна потера која го бркала војводата Страил. Тој се преоблекол како просјак, слегол во полето и застанал на една раскрсница чекајќи го пашата. Кога поминала потерата, сите му дале по една пара, а пашата дури пет пари при што го прашал просјакот дали го видел Страил војвода. Тогаш, Страил ја извадил сабјата и ја убил целата потера, а на пашата му го поштедил животот. Поради тоа, пашата го оставил Страил и понатаму да продолжи со ајдутството.[1]

Наводи

  1. Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 86-89.