Чавдар војвода и Лалуш: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
(нема разлика)

Преработка од 18:23, 4 јули 2020

Чавдар војвода и Лалуш - македонска епска народна песна.

Содржина

Војводата Чавдар му кажува на внукот Лалчо дека пашата го повикува да му служи, ветувајќи му примамлива плата и подароци, но Лалчо насетува дека се работи за измама и го одвратува од намерата. Сепак, Чавдар не се откажува од идејата и го навредува Лалчо. Поради тоа, Лалчо предлага да ја поделат дружината при што му препушта на Чавдар да ги избере подобрите јунаци, а нему да му ги препушти останатите. Чавдар заминува кај пашата со својата дружина, а пашата ги пречекува со богата гозба, ги опива, а потоа ги заробува. Откако се отрезнува, Чавдар го замолува пашата да му дозволи да засвири една песна со која го повикува Лалчо на помош. Лалчо ги ослободува војводата Чавдар и неговата дружина и му ја сече главата на пашата.[1]

Наводи

  1. Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 79-84.