Туше Делииванов: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена (од Makedon4eto BG) и ја поврати преработката 3573583 на AjaxMk |
с Јазична исправка, replaced: се' уште → сè уште |
||
Ред 22:
=== Учителствувањето и првите контакти со организацијата ===
Туше е роден е [[Кукуш]], на [[13 октомври]] [[1869]] година. Се школувал во [[Солунска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“|Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“]], а потоа учителствувал во [[Кукуш]].
Поради недостаток на изворна документација не се знае точно кога Делииванов станал член на [[ТМОРО]]. Имено [[Христо Татарчев]] истакнува дека меѓу првите членови на организацијата бил Туше Делииванов кој бил препорачан од [[Иван Хаџи Николов]] бидејќи:
{{Цитатник|''бил почитуван во целиот Кукуш и околијата поради својата добрина, чесност и такт во училишно - општинските работи'' <ref name="HTS"><small>''Д-р, Христо Татарчев, Вътрешна македоно-одринска революционна организация като мит или реалност, Цочо Биљарски и Валентин Китанов, София, 1995''</small></ref>.}}
Треба да се истакне дека не е јасна улогата на Туше при формирањето на Месниот комитет во [[Кукуш]]. Татарчев во своите спомени вели дека по [[Ресенско советување|Ресенското советување]] комитетот во [[Кукуш]] собрал големи финансиски средстава за организацијата и дека во таа работа учествувал и Туше.
Од друга страна [[Димитар Влахов]] во своите спомени истакнува дека ''Кукушкиот комитет'' бил формиран од страна на Туше Деливанов и [[Христо Влахов]] <ref name="SDV"><small>''Спомени на Димитар Влахов, ракопис во семинарот на Институтот за историја при Филозофскиот факултет во Скопје''</small></ref>, а во спомените на Туше индирекно се дознава дека тој го познавал [[Дамјан Груев]] уште додека тој бил коректор во печатницата на [[Коне Самарџиев]].
Врз основа на податоци дел од историчарите сметаат дека Туше учествувал во формирањето на комитетот во [[Кукуш]] и веројатно претходно се зачленил во ораганизацијата <ref name="VG"><small>''Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Скопје, Институт за историја - Филозофски Факултет''</small></ref>. Меѓутоа, Туше во своите спомени конкретни податоци за овие настани не кажува дури и има извесни контардикторности во неговите изјави <ref name="VG" />.
Тој кажува дека поради недоразбирања со учителската управа и поради здодевност во летото [[1894]] година поднел оставка на учителската фукција и без некоја посебна причина заминал во [[Софија]] каде имал случајна средба со [[Гоце Делчев]]. Тие двајца потоа од [[Бугарија]] се вратиле во [[Македонија]] и во [[Штип]]
Во ваквите спомени на Делииванов дел од историчарите се сомневаат и мислења, иако непотврдени, дека средбата на Делииванов и [[Гоце Делчев]] во [[Софија]] не била случајна и дека таа била организирано до страна на [[Иван Хаџи Николов]] со цел да се внесе Делчев во организацијата овојпат преку кукушката линија <ref name="VG" />.
Ред 40:
=== Претседател на комитетот во Кукуш ===
По завршувањето на учебната 1894/95 година околу 15 јули Туше Делииванов се нашол во [[Кукуш]] и се вработил повторно како учител и станал претседател на месниот комитет <ref name="t"><small>''Т. Влахов, Кукуш и неговото историческо минало''</small></ref>. Тогаш организацијата во Кукуш преставувала масовно движење и речиси сите биле дирекно или индирекно поврзани со неа со исклучок на неколку богати чорбаџии.
Во Кукуш тогаш егзистирала терористичка група како егзекутивен орган и членовите на организацијата биле поделени во десетки на чело со началник, а била спроведена и втората одлука од [[Ресенско советување|Ресенското советување]] односно парични средставе се собирале и од симпатизерите на револуционерното дело. Понекогаш доѓало и до недоразбирања така што во отсуство на Туше еден од понеискусните раководители побарал пари од Тено Тодоров кој одбил да даде и затоа комитетот го покренал прашањето за негова егзекуција, но кога Делииванов дознал за тоа заминал кај Тодоров и му кажал дека парите се за организацииата по што тој дал 40 лири.
Ред 52:
=== Подоцнежна дејност ===
Од средината на [[1895]] до средината на [[1898]] година Делииванов раководел со комитетот во [[Кукуш]], но конкретни податоци за овој период во историската наука нема. Историчарите претпоставуваат дека комитетот во [[Кукуш]] на чело со искусниот Туше Делииванов продолжил да дејствува како и порано, но сега во духот на [[Солунски конгрес од 1896 година|конгресните одлуки од 1896 година]].
По почетокот на 1898 година положбата на Делииванов била неодржлива во [[Кукуш]] и затоа [[Иван Хаџи Николов]] побарал од Охридско-преспанскиот митрополит Методиј да му даде служба на Туше во неговата митрополија.
По враќањето од [[Битолски вилает|Битолскиот вилает]] во [[1900]] година Делииванов повторно бил раководител во [[Кукуш]], а тој истата година имал средба со [[Христо Чернопеев]] кој малку подоцаа во август со својата чета имал судир со аскерот при што бил ранет и морал да замине на лекување во Солун. Чернопеев на заминување со себе го зел и [[Михаил Герџиков]], а неговото присуство во Кукушко било искористено од Делииванов да агитира меѓу населението истакнувајќи:
Ред 64:
{{главна|Солунска афера}}
На 23.01.[[1901]] година се разврзала една од најголемите провали со кој се соочила организацијта. Во [[Солун]] биле уапсени неколкумина, а истрагата бргу се проширила и во Кукушко. Кон крајот на јануари во [[Солун]] бил донесен и Туше Делииванов, но тој бил пуштен бидејќи според полицијата не се барал Делииванов туку Караиванов.
Меѓутоа Туше разбрал дека него го бараат и дека станува грешка во презимето и веднаш станал нелегален и се засолнил во четата на Чернопеев. Покрај Делииванов во оваа [[чета]] се засолниле голем број на легални организациони дејци, така што бројот на душите се качил на 30 и затоа Чернопеев и Делииванов заминале во [[Гевгелија|Гевгелиско]] каде се ослободиле од нив и четата се свела на 13 души. [[Христо Чернопеев]] и Туше Делииванов зедно со четата на 4.02.[[1901]] година во селото [[Бајалци]] имале судир со турскиот аскер при првата престрелка загинале 7 комити, но четата успеала да се повлече кон селото [[Калиново]]. Таму од селаните разбрале дека доаѓа друга потера и дури третиот ден успеала да и избегаат на турската потера и кон крајот на март Чернопеев и Делииванов се нашле во [[Бугарија]].
Ред 70:
=== Судирот со цончевистите ===
Во Бугарија Делииванов му се придружил на Гоце Делчев во борбата против тежнеењето на [[Иван Цончев]] за преземање на [[Македонски комитет|Врховниот комитет]] во свои раце.
Кон крајот на јули и почетокот на август 1901 година во [[Софија]] се одржал [[IX македонски конгрес]] на кој [[ТМОРО]] учествувал со своја листа во која бил и Делииванов, но победила листата на Цончев и тој успеал индиректно преку [[Стојан Михајловски]] за го преземе [[Македонски комитет|Врховниот комитет]] во свои раце.
Цончев веднаш по преземањето на комитетот во свој раце дошол во судир со [[Задгранично претставништво|Задграничното претставништво]] и тој организирал средба на која како преставници на [[ТМОРО]] меѓу другите присуствувале Туше и [[Димитар Стефанов]]. Тие двајца декларативно изјавиле дека ќе побараат од дотогашните претставници да не се мешаат во работите на [[Македонски комитет|Врховниот комитет]] и ќе побараат од нив да се вратат во [[Македонија]].
Цончев вршел притисок врз [[Иван Гарванов]] за отстранување на [[Гоце Делчев]] и [[Ѓорче Петров]] од [[Бугарија]] и затоа на 23.09.1901 година Граванов издал окружно со кое Туше Делииванов и [[Димитар Стефанов]] биле поставени за [[Задгранично претставништво|Задграничното претставништво]], но остапката прд Цончев била привидна бидејќи Делииванов и Стефанов биле блиски соработници на Гоце Делчев.
Ред 82:
{{Главна|Задгранично претставништво}}
Една од главните задачи на Туше Деливанов како задграничен преставник е да се спротивстави на [[Иван Цончев]] кој сакал да крене востание во [[Македонија]] кое му било потребно на бугарскиот кнез. Цончев веднаш по преземањето на комитетот започнал со праќање на чети во Македонија и посегнал по пограничните пунктови на [[ТМОРО]] во [[Бугарија]]. Затоа Делииванов и Димитар Стефанов од [[Македонски комитет|Врховниот комитет]] побарале 30-километарска зона на бугарска територија, пари за издршка на [[Задгранично преставништво|здаграничните преставници]], пунктовите и за еден весник за Македонија.
Меѓу другото било побарано остранување на [[Тодор Саев]] од [[Дупница]] кој наредил јавно тепање на [[Ефрем Чучков]]. [[Македонски комитет|Врховниот комитет]] ги одолговлекол преговорите и побарал основа за таквите барања. Делииванов и Стефанов истакнале дека [[ТМОРО]] е тајна и револуционерна, а дека Комитетот е легална организација која јавно работи и затоа пунктовите треба да бидат под контрола на [[ТМОРО]]. Врховниот комитет го прифатил барањето, но по десетина дена било побарано продолжување на преговорите и од своја страна Комитетот издал окружно до македонските друштва во кое било истаканто дека односите помеѓу двете организации се во хармонија.
Бидејќи ова окружно не соодејствувало со вистината, Туше и [[Димитар Стефанов]] на [[Македонски комитет|Врховниот комитет]] му поставиле рок од 48 часа да го повлече окружното и бидејќи тоа не било сторено [[Задгранично преставништво|задграничните преставници]] на 14.12.[[1901]] година ги известиле македонските друштва дека ТМОРО за секогаш ги прекинува контактите со овој состав на Врховниот комитет.
Ред 90:
=== Неговиот однос кон прашањето за востание во Македонија ===
Во ноември, по спласнувањето на врховистичкото движење во [[Македонија]], биле назначени нови задгранични преставници и сега едно од главните прашања кое и било наметнато на [[ТМОРО]] е дали да се крене востание во [[Македонија]]. Во овие случувања активно дејствувал и Делииванов. Кон крајот на јули [[1902]] година во [[Софија]] било одржано советување на кое покрај [[Гоце Делчев]], [[Иван Гарванов]], [[Тома Карајовов]] и други, присуствувал и Делииванов. На оваа советување било разгледало барањето на битолчани за кревање на востание и барањето било одбиено. На 24.12.1902 година било одржано ново советување и било разгледано повторно прашањето за востание во [[Македонија]] и мозинството повторно предводено од Делчев било против.
Треба да се истакне дека Делииванов долго не бил во Македонија и не ги познавал доволно условите за кревање на востание и од тука најверојатно е дека тој како долгогодишен пријател и соработник на Делчев го поддржал во неговите напори за некревање на неподготвено востание.
== По востанието ==
[[Податотека:Statement from the Macedonian Public to the World Public Opinion.jpg|thumb|250п|десно|Обраќање на Павел Шатев,
Постепено Делииванов бил потиснат од младите кадри во организацијата, а по смртта на [[Гоце Делчев]] тој останал доследен на Гоцевите идеали.
По расколот во [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]] тој застанува на страната на [[Јане Сандански]] и по [[Младотурската револуција]] се вратил во родниот град и станал член на [[Народната федеративна партија]]. Оваа партија по една година го прекратила своето постоење и Делииванов во [[1909]] година се вратил во [[Бугарија]].
Ред 110:
== Мисли ==
: ''Засега положбата е безбедна. Меѓутоа, колку и да е мрачна таа денес, промени сепак ќе мастанат... Еве што треба без да очајуваме да го очекуваме развитокот на работите, поставувајќи си во должност да ги насочиме усилбите и дејноста кон помагање и зачувување на македонската свест кај сите Македонци каде и да се наоѓаат тие, а да ги одбегнуваме сите потфати што ја отежнуваат нашата положба...'' <ref>Иван Катарџиев, Македонската национално политичка мисла меѓу двете војни, Култура, 1991
== Наводи ==
Ред 122:
* ''Јован Павловски, Огнено семејство, Спомени на Лика Чопова, Скопје, 1978.''
* ''Д-р, Христо Татарчев, Вътрешна македоно-одринска революционна организация като мит или реалност, Цочо Биљарски и Валентин Китанов, София, 1995''
{{Дејци на МРО}}▼
[[Категорија:Македонски револуционери|Делииванов, Туше]]
[[Категорија:Дејци на ВМОРО|Делииванов, Туше]]
▲{{Дејци на МРО}}
|