Разлика помеѓу преработките на „Коте Христов“

Одземени 2 бајти ,  пред 2 месеци
с
→‎Во Македонската револуционерна организација: Јазична исправка, replaced: се' уште → сè уште (2)
с (clean up, replaced: ==Биографија== → ==Животопис== using AWB)
с (→‎Во Македонската револуционерна организација: Јазична исправка, replaced: се' уште → сè уште (2))
По влегувањето во Организацијата, Коте предводел чета која била формирана во мај [[1900]] година се до пристигнувањето на војводата [[Марко Лерински]], а по неговото пристигање Коте со 4 души се одметнал и почнал да го обиколува Костурско.<ref>Петров, Тодор. „Нелегалната армия на ВМОРО в Македония и Одринско (1899-1908)“, Военно издателство, София, 2002 г., стр.46.</ref>
 
Коте и по влегувањето во Организацијата не се откажал од своите арамиски навики и поради тоа дошол во судир со раководниот кадар на Организацијата, извршувајќи ситни грабежи и изнудувања. Бидејќи [[Четнички институт на ТМОРО|Четничкиот институт]] се'сè уште не бил до крај изграден таквата дејност на Коте била преќутно толерирана од страна на Организацијата и затоа Коте и понатаму извршувал разни задачи за неа, како што биле разни ликвидации, пренесување на организациска документација и оружје.<ref>Николов, Борис Й. „Вътрешна Македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник“, София, 2001, стр. 179.</ref>
 
Меѓутоа, Организацијата не можела долго да ја толерира таквата дејност на Коте и тој бил осуден на смрт, а во октомври [[1900]] година е извршен неуспешен обид за негова ликвидација.
{{Цитатник|''Вие сте Грци уште од времето на Александар Велики, но поминаа Словените и ве словенизираа. Вашиот изглед е грчки и земјата што ја газиме е грчка. За тоа сведочат и спомениците што се скриени во неа, и тие се грчки и монетите што ги наоѓаме се грчки и натписите се грчки. Впрочем, нашата црква и патријаршијата секогаш беа во првите редови на слободата. Додека Бугарија не се покажа способна дури ни самата да се ослободи, туку беше ослободена од Русија. Па чекаш сега таа да ја ослободи Македонија? И си правиш илузии дека е можно некогаш европската дипломатија да ја потврди Македонија за Бугарија, а особено Лерин и Костур, кои се одвај два дена од грчката граница, додека од бугарската се на далечина од седум дена? „Потоа му зборував и за убиствата и му реков дека ако навистина Бугарскиот комитет <ref group="белешка" name="vg_o"/> работи за слободата за една толку света цел, не би можел да прави такви злосторства, да одзема насилно пари од сиромашните селани и да убива невини луѓе. „Од денес” му реков „ти ќе бидеш со нас, ќе бидеш прв човек. Ќе те исправам долу да ги запознаеш грчките цареви а твоите деца ќе ги испратам да учат во Грција”'' <ref name="GKMB">[http://www.promacedonia.org/gk/gk_3a.htm Каравангелис, Германос. „Македонската борба (мемоари)“, Култура, Скопје, 2000]</ref>. }}
 
Коте ги прифатил барањата на митрополитот, а за возврат од него добивал плата од 10 лири и неговите двајца сина ги испратил на школување во [[Атина]] каде што ги примил [[Павлос Мелас]]. Меѓутоа Коте и покрај договорот се'сè уште не застанал отворено на страната на [[Грчка пропаганда во Македонија|грчката пропаганда]], продолжувајќи ја својата дејност во [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]].
 
Меѓутоа Коте во почетокот на 1902 година морал да се појави пред револуционерниот суд на Организацијата во селото [[Кономлади]], каде што бил осуден на смрт, но [[Гоце Делчев]] го помилувал откако добил ветување од Коте дека ќе се поправи.<ref>[http://promacedonia.com/obm1/4_1.html Христо Силянов. „Освободителните борби на Македония“. т.1., София, 1933, стр.134.]</ref>