Разлика помеѓу преработките на „ФК Вердер Бремен“

Додадени 2 бајти ,  пред 1 месец
с
→‎1899-1933: Основање и првите децении: Јазична исправка, replaced: Конја → Конија
с (→‎1899-1933: Основање и првите децении: Јазична исправка, replaced: Конја → Конија)
За разлика од некои други клубови, Вердер Бремен преживеал и продолжил да постои и покрај многуте загубени членови во војната, што главно се должело на посветеноста на тогашниот претседател Ханс Јабург.<ref name="Vereinshistorie" /> По војната започнало преструктуирањето на клубот, а од 1919 година и на жените им било дозволено да станат членови. Една година подоцна, во согласност со трендот на времето, се одвивало и проширувањето на клубот од чисто фудбалски кон воведување на клубови од останатите спортови, вклучувајќи [[тенис]], [[шах]] и потоа [[бејзбол]] и [[крикет]].<ref name="die Zeit 12. Mai 2007" /><ref name="Vereinshistorie" /> Ова кореспондирало со извршување на промена на името на клубот во "Спортинг клуб Вердер Бремен" од 1899 година, со тоа што фудбалот останал најзначаен спорт во клубот. Ако бројот на членови пред Првата светска војна не ја надминал границата од 300, во послевоениот период бројот се зголемил на повеќе од 1.000.
 
Вердер Бремен бил првиот клуб во Германија кој ангажирал професионален тренер со полно работно време, тоа бил унгарецот [[Ференц Конја]] во 1922, кој бил финансиран од фондот за спортски наставници. Сепак, тогашната [[хиперинфлација]] и последиците од финансиските проблеми на Вердер довеле до неспособност за навремено исплаќање на примањата на тренерот и тој го напуштил клубот. Во 1924 година КонјаКонија одново се вратил.<ref>Wallenhorst 1998, 154 f.</ref> Од 1921 година Вердер играл во ''Весткрајс лига'' (првенство на Западниот Округ), која во тоа време била највисоката поделба на германската фудбалска лига. Во првата сезона, во оваа лига клубот завшрил на седмото место во конкуренција на осум екипи. Кога во следната сезона лигата била поделена на две подгрупи по регионален принцип - ''Јаде'' и ''Везер'' - Вердер ја освоил групата Везер и во финалето го ''растурил'' шампионот на групата Јаде [[ФК Олденбург|Олденбург]] со 5-0. Така бременскиот клуб станал победник на ''Весткрајс лигата''. Во квалификациската рунда за неофицијалното германско првенство Вердер бил поразен од [[ФК Арминија Хановер|Арминија Хановер]] и со тоа ги загубил шансите за титулата. Во 1926 година Вердер загубил со катастрофални 1-6 од [[ФК Бремер|Бремер Шпортферајн]] во првенството на групата Везер и не успеал да се избори за првото место. Вицешампионската титула на дивизијата била повторена и во следната година, кога клубот во финалето заагубил од [[ФК Комет Бремен|Комет Бремен]]. Од 1928 година Вердер бил преместен во групата ''Јаде'', но повторно не успеале да ја освојат ''Весткрајс лигата''. Од сезоната 1928-1929 ''Веткрајс лигата'' била преструктурирана во ''Оберлига Везер/Јаде'' каде Вердер Бремен завршил на четврто место во неа. Во осминафиналнето од шампионскиот турнир Вердер загубил од [[Алтона 93]], со 2-3 по продлженија, а две години подоцна клубот завршил на последното од четири места.
 
[[Податотека:Weserstadion (ATBS-Kampfbahn) in Bremen 1928.jpg|thumb|right|mini|АБТС Кампфбан (во 1928) игралиштето на кое денес се наоѓа стадионот на Вердер Бремен, [[Везер (стадион)|Везерштадион]].]]