Разлика помеѓу преработките на „Мурат I“

Додадени 4 бајти ,  пред 1 месец
с
→‎Анадолија: Јазична исправка, replaced: Конја → Конија (2)
с (→‎Анадолија: Правописна исправка, replaced: кнежество → кнежевство (2), кнежества → кнежевства)
с (→‎Анадолија: Јазична исправка, replaced: Конја → Конија (2))
Првото туркско кнежевство кое се присоединило кон султанот, најверојатно кон средината на седумдесетите години е [[Гермијан]]. Историскиот календар од [[1421]] година е најраниот извор за присоединувањето и според овој извор тоа се случило во [[1379]] година. Подетално ова присоединување било опишано од страна на Ашакпашазеде. Според него гермијанскиот владетел го посоветувал својот син Јакуб доколку сака оваа земја да остане негова ќе мора да се присоедини кон османлиите, а за да го оствари ова ќе мора да ожени некоја од своите ќерки за синот Бајазид. По ова, Јакуб ја упатил својата понуда кон Мурат за женидба на гермијанската принцеза Султан Хатун и Бајазит. Мурат го прифатил предлогот. По само неколку месеци османлиите го презеле Хамид, јужниот сосед на Гермијан, со поважните центри како [[Егридир]] и [[Испарта]]. Според Ашакпашазеде, во времето на свадбата, емирот на Хамид предложил на Мурат да му го предаде неговите територии, по кое Мурат се согласил. Овој расказ можеби бил измислен за да се скријат намерите на Мурат за зазимање на териториите од друг муслимански владетел.
 
Проширувањето на отоманските територии кон југоисточниот дел довело до конфликт со Караман. Овој конфликт се продлабочил во 1386 година. Според Нешри, во времето кога Мурат војувал во Србија емирот Алаедин ги нападнал неговите територии. Кога султанот разбрал за ова, веднаш своите сили ги насочил кон Караман за да зимата во 1385 година ја поминал во [[Бурса]]. Самата армија на Мурат била составена од контигентите на неговите синови Бајазид и Јакуб, како и српските вазални одреди. Во близина на КонјаКонија отоманските сили ги поразиле силите на Караманија. По ова следувала опсадата на КонјаКонија. Според Нешри, султанот не го зазел градот поради неговата ќерка која била сопруга на самиот Алаедин. [[Османлии]]те го зазеле [[Бејшехир]] на западната граница со Караманија и го напуштиле кнежевството.
 
Паѓањето на Бејшехир му овозможило на Мурат да пристигне до брегот на [[Медитеран]]от. По ова следувало и зазимање на малиот бејлик Теке во [[1386]] година<ref>Barbara FLEMMING, Landschaftsgeschichte von Pamphylien, Pisidien und Lykien in Spätmittelalter, Abhandlungen für die Kunde des Morgenlandes, XXXVI, 1, Wiesbaden (1964).</ref>, по кое пристигнале до брегот на Анталија. До крајот на својот живот, [[Османлиското Царство]] во Анадолија се простирала од [[Анталија]] на југ до престолнината Бурса и босфорскиот брег на север.