Вепрчани: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Географиja и местоположба: Правописна исправка, replaced: 4 ха → 4 ха, 6 ха → 6 ха, 7 ха → 7 ха
с →‎Историja: Јазична исправка, replaced: архолошки → археолошки
Ред 21:
== Историja ==
[[File:Китење на свадбено знаме-Вепрчани.jpg|thumb|мини|десно|Китење на свадбено знаме во Вепрчани]]
На атарот на Вепрчани имало организиран живот уште од дамнешните антички времиња за што сведочат повеќето старини и архолошкиархеолошки наоди како доцноантичките гробници и големиот број на ископани ќермаитки и темели од куќи при орање и изградба на задругата на местностите Градиште, Крив Рид, Скокот, Лозја, од кои најзначаен наод е една надгробна плоча со старохеленски натпис посветена на Александар Дионисис и подигната по налог на Собранието на некој древен град, пронајдена во близина на манастирот Св. Богородица и др<ref name="Ѓорѓи Пројчески" />. За настанокот на селото постои предание дека поради чести напади и несигурност, жителите од 7 околни населби се собрале и се населиле во долот каде што пронашле чешма и имало многу ''вепри'' (диви свињи) од каде што дошло и името на селото<ref name="Ѓорѓи Пројчески" />. Овие луѓе кои избегале од напади го избрале местото на Вепрчани како полесно и погодно за одбрана<ref name="Ѓорѓи Пројчески" />. Ваквото мислење има голема веродостојност со географската положба и историското минато на селото Вепрчани, кое опкружено со високи планини од три страни, во минатото било засолниште и стожер на многу комити, ајдути и борци. За староста на селото сведочи селската црква посветена на Светото Вознесение (Св. Спас) која што датира од XIII-XIV век. Најстариот запис во кој се споменува селото Вепрчани потекенува од втората половина на XV век односно од турските пописни дефтери од 1476/77 кога во селото живееле 31 семејство, потоа во 1481/82 биле попишани 41 домаќинство, за потоа да бележат пораст на 80 домови во 1519 година, а потоа опаѓање на 47 домаќинства во 1528/29 и 46 семејства во 1544/45 година<ref name="Стојаноски Александар">{{наведена книга|last=Стојаноски|first=Александар|title=Мориово во XV-XVI век (Осврт на економско-општествените прилики)|series=Фолклорот и етнологијата на Мариово и Меглен|year=1994|publisher=Друштво за организирање на мариовско-мегленски средби и ДНУ Битола|location=Прилеп|language=македонски|pages=65–73}}</ref> Во својот запис објавен во „Цариградски весник“ под наслов ''„Споменик за села називаеми Мориево прилепско. Статистическо описание“'' на [[21 ноември]] [[1859]] за селата во [[Мариово]], македонскиот просветител [[Јордан Хаџи Константинов-Џинот]] во селата во Северо Мориево кај реката Црна за селото Вепрчани запишал дека имало 60 куќи и стара црква<ref name="Џинот">{{наведена книга|last=Хаџи-Константинов - Џинот|first=Јордан|title=Споменик за села називаеми Мориево прилепско. Статистическо описание|edition=Хаџи Константинов, Јордан - Џинот. Избрани страници|series=Хаџи Константинов, Јордан - Џинот. Избрани страници|date=1987 (1859)|publisher=Мисла (Цариградски весник)|location=Скопје (Цариград)|language=македонски}}</ref> Овој запис сведочи за големината на Вепрчани, кое според податоците од турските записи највеќе нараснало до 92 куќи со 1900 жители<ref name="Ѓорѓи Пројчески" />. Во ова време Вепрчани имало 7 попови, а на селската река имало 13 воденици по една за секој од селските родови<ref name="Ѓорѓи Пројчески" />. Еден од поповите од Вепрчани, попот Пројче е споменат и како лик во книгата „Крпен живот“ на познатиот писател [[Стале Попов]], чијашто мајка била токму од ова село<ref name="Ѓорѓи Пројчески" />.
[[File:Вепрчани 10.JPG|thumb|мини|лево|Типична мариовска куќа ѕидана од камен со покрив од камени плочи во Вепрчани]]
Во отоманско време во XIX век, селото Вепрчани важело како ''комитско село'', во кое бегале и се засолнувале многу борци и бунтовници, а и самите жители се истакнувале со бестрашност и борбеност. Од Вепрчани потекнувал и се иселил родот познатиот мариовски војвода [[Толе Паша]] од с.&nbsp;[[Крушевица (Прилепско)|Крушевица]], а во неговата чета имало многу комити од Вепрчани. Зимата [[1884]] година во куќата на Тода Илиева Тодороска - Мутева во селото Вепрчани во борба со турскиот аскар загинал и познатиот борец Ѓорѓи Лажот кој со дружина престојувал во една куќа во која од земникот (визбата) имало ископано тунел за бегство до долот<ref name="Ѓорѓи Пројчески" />. Тие биле накодошени и опколени од турскиот аскер и биле убивани како излегувале, а населението и денес наоѓа останки од нивните коски во лозјата<ref name="Ѓорѓи Пројчески" />. Овој настан е опеан во народните песни „Киниса мома Тода на вода да оди“ и „Доста оди Ѓорѓи, доста шета“, а на една куќа постои и спомен плоча посветена на Ѓорѓи Лажот. Како одмазда за предавничкиот чин во [[1855]] година Спиро Црне со 7 комити од Вепрчани врзале и живи запалиле 18 членови од родот Јанковци<ref>{{наведена книга|last=Ристески|first=Драган|title=Ѓорѓи Лажот во песните од Мариово|edition=Фолклорот и етнологијата на Мариово и Меглен|year=1994|publisher=Друштво за организирање на мариовско-мегленски средби и ДНУ Битола|location=Прилеп|language=македонски|pages=225–238}}</ref>. Во прилог на јунаштвото и бестрашноста на жителите на Вепрчани и [[Мариово]], говори и еден настан според кој настанал прекарот на вепрчанскиот род ''Головци'', чиј предок ''Ристе'' бил наречен ''Гола Сабја'' откако во една прилика кога одел на пазар во [[Прилеп]] кај местото на денешна „Солидност“ со ''голи раце'' му ја откинал главата на некојси Турчин - насилник кој му се испречил на патот со некакво барање односно уцена<ref name="Ѓорѓи Пројчески" />. Уште еден доказ за комитското минато на Вепрчани е и прекарот на вепрчанскиот род ''Шакировци'' чиј предок бил комита кај познатиот [[Крсте Гермов|Крсте Гермов - „Шакир војвода“]], а по враќањето и самиот тој земал 3 комити со него и органзирал местна чета во Вепрчани<ref name="Ѓорѓи Пројчески" />. За време на [[Прва светска војна|Првата светска војна]], рачно бил направен патот, а била исечена и целата шума<ref name="Ѓорѓи Пројчески" />. Во ХХ век во селото работеле училиште во куќата на родот Мијаковци, матичар и кмет.