Разлика помеѓу преработките на „Неразградлив органски загадувач“

с
→‎top: Јазична исправка, replaced: локалитети → наоѓалишта
с (→‎top: Правописна исправка, replaced: 50тите → 50-тите using AWB)
с (→‎top: Јазична исправка, replaced: локалитети → наоѓалишта)
 
Алдрин - инсектицид синтетизиран од човекот, во природата преоѓа во диелдрин. Се аплицира во почвата при производство на пченка, памук и компир, за третирање на термити, скакулци, црви кои го оштетуваат коренот на пченката, но исто така тоа може да им штети на птиците и рибите. Навлегува брзо во почвата и бавно испарува во воздухот. Растенијата го земаат од почвата и го складираат, а диелдринот се складира во масното ткиво на животните и многу бавно се елиминира. Дозата која може да предизвика смрт кај возрасен маж е околу пет грама алдрин. Луѓето најчесто се изложени на алдрин преку прехранбените продукти (коренасти култури, риба, морска храна, млечни производи, млеко, путер и месо). Знаци за труење при изложеност на човекот на овие хемикалии се: грчеви, неконтролирани движења на мускулите, главоболка, мачнина, повраќање, оштетувања на ендокриниот систем, а испитувањата кај животните покажале дека овие соединенија може да предизвикаат рак на црниот дроб и намалување на имунитетот. Употребата на алдринот е забранета или строго ограничена во многу земји.
Хлордан - се користи за контрола на термити и како инсектицид со широк спектар на делување кај земјоделските култури. Хлорданот останува во почвата долго време (повеќе од 20 години), со период на полураспаѓање од една година; не навлегува во подземните води поради ниската растворливост, но испарува во воздухот. Луѓето се изложени на хлордан при: консумирање на култури одгледувани на контаминирана почва, риби и школки од контаминирани водни системи со хлордан, вдишување воздух или контакт со почва во близина на објекти третирани со хлордан заради заштита од термити или во близина на депонии кои содржат хлордан. Леталните ефекти од хлорданот кај рибите и птиците варираат во зависност од видот, но тестовите покажуваат погубни резултати кај дивите патки, препелицата. Хлорданот може да влијае на имунолошкиот систем кај човекот, ги оштетува нервниот систем и црниот дроб, предизвикува главоболка, иритираност, слабост, проблеми со видот, повраќање, болки во стомакот, дијареја, и е класифициран како можна канцерогена хемикалија. Забранет или строго е ограничен во повеќе земји.
ДДТ - можеби најозлогласен од сите неразградливи органски полутантизагадувачи. ДДТ нашол широка примена во текот на Втората светска војна за заштита на војската и цивилите од ширење на маларија, тифус и други болести кои се пренесуваат преку инсектите. По војната, ДДТ и понатаму се користел за контрола на болести, и со него се запрашувале повеќе земјоделски култури, особено памукот. ДДТ се користи како ефикасно средство против комарци во некои земји заради контрола на маларијата. Покрај тоа што во многу земји е забранет за употреба, продуктите на негово распаѓање (ДДЕ-дихлородифенилдихлороетилен), поради нивната стабилност, неразградливост (50% од супстанцијата може да остане во почвата 10-15 години после апликацијата) и нивната распространета употреба укажуваат на тоа дека остатоците од ДДТ може да се најдат насекаде во овошјето, зеленчукот, месото, рибата (остатоци од ДДТ се детектирани на Арктикот). Тој е забележан во храната низ целиот свет, каде се внесува преку почвата на која се одгледуваат културите (коренастите и листовидните култури содржат највисоки концентрации). Луѓето го внесуваат преку белите дробови, дигестивниот тракт и кожата, а најчесто при контакт со контаминирана храна и инхалација од воздухот, од производи за заштита од молци, како и при подолг престој во близина на локалитетиместа или шуми третирани со ДДТ. Иако остатоците во домашните животни постојано опаѓаат во последниве две декади, ДДТ присутен во храната и инхалацијата од воздухот останува најголем загадувач воопшто. Краткотрајните акутни ефекти врз човекот се ограничени, но долготрајната изложеност е придружена со хронични ефекти врз здравјето. Тој може да влијае на ендокриниот систем на фетусот, со оштетувања на хормоналните сигнали потребни за здрав развој. ДДТ се излачува од човечкиот организам преку урината и мајчиното млеко, што претставува вистинска причина за загриженост за здравјето на доенчињата.
 
Диелдрин - се користи главно за контрола на термити и текстилни штетници, исто така и за контрола на болести предизвикани од инсекти и инсекти на обработлива почва. Времето на полураспаѓање изнесува приближно пет години. Пестицидот алдрин брзо преминува во диелдрин, така да концентрациите на диелдрин во животната средина се повисоки отколку концентрацијата на користениот диелдрин. Остатоци на диелдрин може да се најдат во воздухот, водата, почвата, рибите, птиците и цицачите, вклучувајќи ги и луѓето. Храната е главниот извор на оваа супстанца за популацијата во целина.