Германски овчар: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Надворешни врски: Погрешно заведена каегорија using AWB
с →‎Потекло: Јазична исправка, replaced: локалитети → наоѓалишта
Ред 31:
 
===Потекло===
За време на 19 век, во [[Европа]] се правеле напори за стандардизирање на расите. Кучињата биле вкрстувани со цел да се зачуваат и засилат карактеристиките кои се важни за нивната задача – да се грижат за овците и да ги чуваат стадата од предатори. Во Германија, тоа се изведувало во локалните заедници каде, овчарите ги одбирале и ги вкрстувале кучињата за кои мислеле дека ги имаат неопходните карактеристики за чување овци, како интелигенција, сила, брзина и нагласено сетило за мирис. На тој начин се добиле кучиња кои биле многу успешни во нивните задачи, но значително се разликувале по изгледот и по способностите од кучињата од другите локалитетиместа.
 
За да се намалат овие разлики во 1891 година е формирано друштвото Филакс (Phylax Society), со намера да се добијат стандардизирани раси на кучиња во Германија. Друштвото се распаднало по само 3 години постоење поради постојани внатрешни конфликти, односно поделени мислења во врска со приоритетните карактеристики на кучињата кои се вкрстувале. Некои членови сметале дека при вкрстувањето на кучињата исклучиво треба да се внимава на карактеристиките кои се важни за работни цели, додека други сметале дека е важен и изгледот на кучињата. Иако не успеало во својата цел, друштвото Филакс послужило како инспирација за независно стандардизирање на расите на кучиња.