Разлика помеѓу преработките на „Културна револуција“

с
→‎Позадина: Јазична исправка, replaced: локалитети → наоѓалишта
с (→‎Прва фаза: Правописна исправка, replaced: и.т.н. → итн. using AWB)
с (→‎Позадина: Јазична исправка, replaced: локалитети → наоѓалишта)
Културната револуција претставува радикализација на Кинеската револуција, предводена од [[Бандата на четворица]]та. Таа користела масовна мобилизација на студенти за да го победи десното про-капиталистичко крило предводено од [[Лиу Шаоки]], [[Денг Сјаопинг]] и Пенг Џен. Студентите биле групи од млади луѓе, во многу случаи едвај тинејџери, кои во организирани револуционерни комитети, ги напаѓале сите оние кои се обвинети за предавство кон режимот и политичката фигура на [[Мао Це Тунг]]. Културната револуција овозможила на последниот да ја поврати политичката власт, од која бил отстранет по неуспехот во т.н. [[Голем скок напред]].
 
Мао ги поттикнал таканаречените револуционерни комисии составени од Црвената гарда за да ја преземат власта од државата и партиската администрација. Многу обични граѓани биле нападнати како контрареволуционери. Научниците исто така биле подложени на вознемирување од страна на оваа група и често испраќани на преквалификација преку земјоделска работа. Образованието и јавниот сообраќај во овој период речиси исчезнал. Многу културни артефакти, историски локалитетиместа и антиквитети биле уништени. Во натамошниот национален хаос, многумина биле убиени, а милиони биле раселени или испратени во затвор.
 
И покрај катастрофалните резултати од Културната револуција во економски, културен и хуман план, како и општото критично мислење кон кампањата во Кина и во светот, некои критичари и поддржувачи на управувањето на Мао го анализираат периодот како суштински чекор кон прочистување на кинеската култура и формирање на комунистичко општество.