Разлика помеѓу преработките на „Струга“

с
→‎Култура и уметност: Јазична исправка, replaced: локалитети → наоѓалишта
с (→‎Население: Правописна исправка, replaced: км² → км<sup>2</sup>)
с (→‎Култура и уметност: Јазична исправка, replaced: локалитети → наоѓалишта)
За културната историја на Струга и околината од посебно значење се споменатите ранохристијански базилики во селата [[Октиси]] и [[Радолишта]]. Тие се трикорабни, со наос, нартекс и баптистериум (крстилница), а она што ги прави величествени се подните мозаици. Базилики од овој тип има по целиот [[Балкан]]. Едни од нив се значајни поради своите архитектонски решенија, други заради мозаиците и другата декорација, а трети заради архитектурата и декорацијата. Меѓутоа не често се наоѓаат базилики со подни мозаици што претставуваат толку ретки композиции : во Октишката во нартексот е претставена композиција што го претставува влезот во Рајот, а во Радолишката, во наосот - централен дел на храмот, меѓу другите познати христијански симболи се наоѓа и јагулата, како риба карактеристична за Охрид и Струга. А рибата во ранохристијанскиот период, како и подоцна, била еден од симболите на Христа.
 
Во Струга и околината е присутна традицијата на Светите [[Свети Климент Охридски|Климент]] и [[Свети Наум Охридски Чудотворец|Наум]] - за што постојат повеќе називи на локалитетимесности од ова време: „Климентица" во центарот на Струга, посебно наоѓалиштето „Св. Богородица Пречиста" во село [[Враништа]] која претставува раритет не само во [[Македонија]], туку и на [[Балкан]]от. Од [[среден век|средниот век]], најстаро сликарско иконописно дело во Струга е иконата Св. Ѓорѓи (1267 г.), од истоимената црква. Во Струга од времето на турскиот период би ги наброиле: Амамот, кој иако е со скромни димензии, ги содржи сите елементи на амамите во Македонија и „Халвети теќе", кој е заштитен како споменик на културата.
 
Од времето на преродбата потекнуваат многубројни цркви во Струга и околината, во сите населени места со христијанско население. Сите нив ги карактеризира познатиот посебен стил во архитектонски поглед, посебно со богатите и вредни резбани иконостаси на кои се наоѓаат многубројни „Престолни" и „Празнични" икони, а внатрешноста на црквите ја красат ѕидниот фреско - живопис. Најпозната меѓу црквите во Струга е градската соборна црква „Св. Ѓорѓија", со извонреден иконостас во резба (завршен во [[1850]] година), која содржи и богата колекција на икони.