Ликовен музеј: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Форматна исправка, replaced: 3 год. → 3 г.
с →‎top: Јазична исправка, replaced: локалитети → наоѓалишта
Ред 7:
Ваквиот музеј се смета за релативно нова институција; првиот ваков музеј е [[Лувр]] во Париз, основан во 1793 г., накратко по Француската револуција кога кралската ризница била прогласена за народна. Тука се гледаат почетоците на преселбата на уметничките збирки од приватниот домен на аристократијата и богатите во јавната сфера, каде што служеле за културна наобразба на масите.
 
Генерално, изразот ''уметничка галерија'' значи згради или локалитетиместа посветени на изложување и/или продажба на уметнички дела, иако големите простории во музеите каде што делата се изложуваат јавно можат исто така што се наречат галерии. На пример просторијата посветена на [[Стар Египет|староегипетска]] уметност често се нарекува ''Египетска галерија''.
 
Најголемиот дел од градовите во светот имаат вакви музеи, а поголемите градови пак, два или повеќе. Тие исто можат да се најдат и во помали градчиња и села во прилично оддалечени краишта каде што уметниците се собирале. Примери за такви галерии се [[Уметничка колонија Таос|уметничката колонија во Таос]], Ново Мексико и Сент Ајвс, Корнвол.