Сварог: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Јазична исправка, replaced: локалитети → наоѓалишта
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
Прабогот на старите Словени бил познат под името '''Сварог'''. Неговото друго име, веројатно, е '''Род'''. Во Хрониката на Хемолд е запишано:
 
{{cquote|Меѓу разните богови на кои им се припишува власт над полињата, шумите, над тагите и веселбите, тие (Словените) не одрекуваат дека еден бог заповеда одозгора, од небото над сите останати. Тој семоќен бог се занимава само со небесните работи. Сите останати имаат посебно занимање и работа, та нему му се покоруваат. Тие произлегуваат од неговата крв и важни се онолку колку што се блиску до овој бог на боговите<ref name="ReferenceA">[[Гордана Јовиќ Стојковска|Гордана Стојковска]], ''Речник на јужнословенска митологија'', Издавачки центар Три, Скопје, 2004, стр.216.</ref>.}}
 
Неговото име не е споменато, но јасно е дека не станува збор за [[Перун]].
Треба да се земат предвид и зборовите на хроничарот Нестор, во врска со договорите меѓу [[Русија|Русите]] и [[Византија|Византијците]] од [[945]] и [[947]] година. Таму се вели:
 
''„Оние Руси-христијани што ќе го прекршат овој договор, да бидат казнети од семоќниот Бог, а оние што не се крстени, да бидат лишени од секоја помош од [[Бог]]а и [[Перун]]а.“''
Ред 20:
''Свети Кузма-баќушка, боже мој, боже мој;''
''Пречиста Мајчице, заиграј ни на свадба!''
 
 
''Ти свети Боже, Кузмодемјан,''
Ред 26 ⟶ 25:
''со своите апостоли.''
 
Занимливо е како во своите обредни песни, народот овој светец го ословувал и како бог. Тој е ставен во ист ред и со Пречистата Мајчица (очигледно - [[Богородица]]), а израмнет е и со [[Исус Христос]], така што тој, а не Исус, е повикан да дојде со своите апостоли. Тој е повикуван и да ја 'скове` (направи) свадбата, со што се потврдува и како покровител на ковачкиот занает и бракот. Видливи остатоци од култот кон неговиот син Сварожич останале и до денешен ден и тоа во прилично жива форма. Тоа, пред сѐ, се однесува на празнувањето на [[Божик]] и палењето големи коледарски огнови, ако се знае дека во источнословенските записи, Сварожич се јавува како и како бог на огнот. Воочлива е и паралелата '''Бог-Божиќ''', '''Сварог-Сварожич''', а се претпоставува дека и самото име на празникот Божик (Божиќ, Божич) има претхристијанско потекло. Драгоцени податоци имаме и од фолклорните материјали собрани во [[19 век]], каде што наоѓаме и божикни песни, во кои се говори за раѓањето на 'Бела Бога', што асоцира на [[Белобог]], едно од имињата на богот на светлината и огнот. Со името на Сварог се поврзани некои локалитетинаоѓалишта, кои зборуваат за неговиот култ. Такви се, на пример, Сварожин и Сваришево во [[Полска]]. Како единствен на [[Балкан]]от, го среќаваме топонимот Сварог во бугарското село Ракита, Брезнишко<ref>[[Танас Вражиновски]],Речник на народната митологија на Македонците, Матица Македонска, Скопје,2000, стр. 259</ref>. Станува збор за една височинка покрај река.
 
== Сварожиќ ==
'''Сварожиќ''' според повеќето извори бил бог на сонцето, персонификација на огнот, а некаде и бог на ветриштата. Според старите извори Словените му се молеле на огнот именувајќи го со името Сварожиќ. Деминутивниот облик веројатно следел по верувањата дека е тој син на Сварог, за што кај [[Русија|Русите]] постојат и пишани податоци. Кај [[Јужни Словени|Јужните Словени]] името на Сварог се задржало во некои коледарски божиќни песни каде во прославите на раѓањето на новото сонце дошло до блага идентификација на Сварожиќ и раѓањето на малиот христијански бог<ref name="ReferenceA">[[Гордана Јовиќ Стојковска|Гордана Стојковска]], ''Речник на јужнословенска митологија'', Издавачки центар Три, Скопје, 2004, стр.216.</ref> Меѓу словенските народи се појавува и идентификација помеѓу Сварожиќ и Дажбог, но и можноста и двата да се синовите на Сварог.
 
== Литература ==
Ред 37 ⟶ 36:
* ''Zaroff, Roman'': Organised pagan cult in Kievan Rus`. The invention of foreign elite or evolution of local tradition?
* ''Калоянов, Анчо:'' Старобългарското езичество
* ''[[Гордана Јовиќ Стојковска|Гордана Стојковска, Три, Скопје,2004, ISBN 9989-918-97-xX]]
 
== Наводи ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Сварог