Бруно Шулц: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
#WPWPMK , #WPWP
#WPWPMK , #WPWP
Ред 14:
 
'''Бруно Шулц''' (''Bruno Schulz'') ([[12 јули]] [[1892]] - [[19 ноември]] [[1942]]) - полски [[писател]], сликар, [[графика|графичар]], критичар и [[филозоф]] од [[Евреи|еврејско]] потекло.
[[File:DrohobyczTablicaSchulza.JPG|thumb|260px|[[Спомен плоча]] во куќата во [[Дрохобич - Гето]] на Бруно Шулц со текст на украински, полски и хебрејски]]
 
==Животопис==
Бруно Шулц е роден во градот [[Дрохобич]] во [[Австро-Унгарија]] (денес во [[Украина]]), претежно населен со [[Евреи]] и поголемиот дел од животот го поминал во родниот град, работејќи како наставник по цртање во [[гимназија]]та. Тој бил син на Хенриета и на Јаков Шулц, [[Трговија|трговец]] со текстилни материјали. Во нивниот дом не се негувала еврејската традиција и се зборувало само на [[полски јазик]]. Семејството Шулц живеело во куќата со број 10 која се наоѓала на главниот плоштад во Дрохобич при што членовите на семејството живееле на катот, а на приземјето се наоѓала нивната продавница. Токму во таа куќа се одвива дејството во расказите од збирката „[[Продавници со боја на цимет]]“, во која еден од главните ликови е неговиот татко Јаков. Бруно Шулц студирал [[архитектура]] во [[Лавов]], а за време на [[Втората светска војна]] бил одведен во [[гето]]то во Дрохобич, каде бил убиен на улица од страна на еден [[нацист]]ички [[офицер]], на 19 ноември 1942 година.<ref name="ReferenceA">Бруно Шулц, ''Митизација на реалноста''. Скопје: Бегемот, 2015.</ref><ref name="Beograd 2015">Bruno Šulc, ''Cimetaste prodavnice''. Beograd: Paidea, 2015.</ref>