Сергеј Брин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: коосновач → соосновач (2)
Ред 42:
За време на студиите на Стенфорд, тој го запознал [[Лари Пејџ]]. Во едно неодамнешно интервју за списанието [[Економист]], Брин на шега рекол: "Ние сме и двајцата неподносливи." Тие не се согласувале на повеќето теми. Но, откако поминале одредено време заедно, тие станале интелектуални сродни души и блиски пријатели. Фокусот на Брин бил насочен на развојот на системи за податоци, додека Пејџ бил сконцентиран на концептот на заклучок на значењето на истражувачкиот труд од своите цитати во други документи. Заедно, и двајцата се автори на она што се смета дел од нивниот неоспорен придонес, труд со наслов [[Анатомија на голем Хипертекстуален веб пребарувач]].
 
Комбинирајки ги нивните идеи, тие ја преполниле нивната домска соба со евтини компјутери и го тестирале нивниот нов веб пребарувач. Нивниот проект се проширил доволно брзо за да предизвика проблеми во компјутерската инфраструктура на Стенфорд. Но, тие сфатиле дека успеале да создадат супериорна машина за пребарување на интернет и ги прекинале нивните докторски студии за да работат повеќе на нивниот систем. Барајќи средства од членовите на факултетот, семејството и пријателите, Сергеј и Лари собрале доволно за да се купат некои сервери и за изнајмување на фамозната гаража во Менло Паркот. Наскоро потоа, коосновачотсоосновачот на [[Sun Microsystems]], [[Endi Bechtolsheim]] напишал чек во висина од 100.000$ на [[Google Inc.]], но единствениот проблем бил тоа што [[Google Inc.]] сè уште не постоела - компанијата се уште не била инкорпорирана. За две недели, откако ги средиле документите, младите луѓе немале каде да ги депонираат парите.
 
Списанието Економист го опишува мислењето на Брин за животот, како и на Пејџ, врз основа на визијата сумирана во мотото на Google, “овозможување на сите светски информации да бидат универзално достапни и корисни“. Другите ја споредуваат нивната визија со влијанието на [[Јоханес Гутенберг]], изумителот на модерното печатење: "Во 1440, Јоханес Гутенберг воведе во Европа механичко печатење, печатење на Библии за широка потрошувачка. Технологијата овозможува книгите и ракописите, реплицирани со рака, да се печатат со многу побрзо темпо, со што се шири знаењето и помага да се влезе во ренесансата Европа. Google има направено слична работа". Споредбата била, исто така, забележана и од страна на авторите на приказната за [[Google]]: "Од Гутенберг наваму нема ниеден нов изум од овластени лица, и трансформиран пристап до информациите, толку добро како [[Google]]".
Ред 49:
 
== Личен Живот ==
Во мај 2007 година, Брин се оженил со [[Anne Wojcicki]], на [[Бахамите]]. Војцицки е биотехнолошки аналитичар и во 1996 дипломирала на Универзитетот [[Јеил]] и се здобила со статусот дипломиран студент по наука со отсек [[биологија]]. Таа покажала активен интерес во здравствената технологија, и заедно со Брин откриле нови начини за подобрување на пристапот до него. Како дел од нивните напори, тие го разгледувале проектот за човечкиот геном со водечките истражувачи. Брин инстинктивно ја разгелдувал генетиката како база на податоци и компјутерски проблем. Истото тоа го правела и неговата сопруга, која е коосновачсоосновач на фирмата [[23andMe]], која им овозможува на луѓето да вршат анализа и споредба на нивните генетски состави (се состои од 23 пара [[хромозоми]]). Во неодамнешното соопштение на [[Zeitgeis]]t конференцијата на [[Google]], тој рече дека се надева дека еден ден сите ќе ги научат нивните генетски кодови, со цел да им помогне на лекарите, пациентите и истражувачите во анализирањето на податоците и обидите да се поправат грешките.
 
На мајката на Брин, Евгенија, и е дијагностицирана [[Паркинсонова болест]]. Во 2008 година, тој решава да даде донација на Универзитетот во Мериленд на [[Медицинскиот факултет]], каде што неговата мајка се лекува. Брин ги користел услугите на [[23andMe]] и открил дека иако Паркинсонова болест не е обично наследна, тој и неговата мајка поседуваат мутација на генот [[LRRK2]] (G2019S) кој покажува веројатност на развој на [[Паркинсонова болест]] и кај него во подоцнежните години помеѓу 20 и 80%. На новинарско прашање дали незнаењето е блаженство во случај на такви работи, тој истакна дека неговото знаење значи дека тој може да преземе мерки за да се заштити од болест. Уредникот во списанието [[Економист]] рекол дека г-дин Брин се однесува кон неговата мутација на LRRK2 како грешка во неговиот личен код, и на тој начин што не се разликува од грешките во компјутерските кодови, што инженерите на [[Google]] ги корегираат секој ден. Помагајќи на самиот себеси, тој може да им помогне и на другите. Тој смета дека имал среќа. Но, г-дин Брин постигна повисока цел. Зарем знаењето не е секогаш добро, а секако секогаш подобро од незнаењето?