Разлика помеѓу преработките на „Марко ја одменува свадбарината“

→‎Содржина: ситна поправка
с
(→‎Содржина: ситна поправка)
Рано наутро, [[Крале Марко]] тргнал од [[Прилеп]] со намера да прошета низ Косовската нахија. Уште по мракот, тој стигнал во [[Скопје]], а пред да се раздени веќе бил на [[Косово Поле]]. Таму сретнал жена со остарено [[лице]] и побелена [[коса]], која ја нарекол вдовица, но таа му објаснила дека е девојка, која остарела без да може да се омажи. Причината за тоа бил црна [[Арапи]]на, кој веќе триесет години не дозволувал никој да се омажи или ожени без да му плати давачка, а нејзиното [[семејство]] било сиромашно и не можело да плати. Тогаш, Марко ѝ дал [[пари]] за да ја плати свадбарината и ја прашал, каде се наоѓа црна Арапина.
 
Галопирајќи, Марко се упатил кон шаторот на црна Арапина, чии слуги се исплашиле од неговата појава и избегале. Марко се претставил дека сака да се жени, но дека има само три минца, наместо 33, колку што изнесувала давачката, но му ветил на црна Арапина дека ќе му ги даде сите дарови што ќе ги добие на [[свадба]]та. Арапот се налутил и го удрил три-четири пати со [[боздоган]]от, а Марко само го прашал, дали се шегува или му го тресе правот од кожувот. Тогаш, Марко го удрил црна Арапина и од силата на ударот, неговото [[тело]] пропаднало во [[земја]]та, а [[глава]]та му летнала настрана. Потоа, Марко убил 27 стражари на Арапот, а тројца оставил живи за да шетаат низ [[Косово]], разгласувајќи дека секој може слободно да си прави свадба, зашто Марко ја платил свадбарината за сите.<ref>''Јунак над јунаци - епски песни за Марка Крале'', Култура, Скопје, 1967, стр. 46-50.</ref> <ref>„Марко Краљевић укида свадбарину“, во: ''Народне епске песме I. Београд: Просвета (без дата)'', стр. 141-147.</ref> <ref> Томе Саздов, ''Грива тресе, бисер рони'' (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 64-68.</ref>
 
== Наводи ==