Италијанска култура: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Весници и списанија: clean up, replaced: luglio → јули (2) using AWB
с →‎Филм: Форматна исправка, replaced: Серџио → Серџо
Ред 96:
Во [[1920]] и [[1930]] година биле режирани неколку важни филмови, меѓутоа италијанскиот филм ја доживеал својата преродба во [[1940]] година. Во тоа време се појавила нова генерација на режисери како: [[Виторио де Сика]], [[Роберто Роселини]] и [[Лучино Висконти]].<ref name="Neorealism">[http://www.filmreference.com/encyclopedia/Independent-Film-Road-Movies/Neorealism-HISTORICAL-ORIGINS-OF-ITALIAN-NEOREALISM.html Neorealism.] ''Filmreference.com.'' Web. 20 Jul. 2012.</ref>. Влијанието од војната навело некои од овие режисери да направат филмови кои се фокусираат на општеството и неговите проблеми. Овој поттик резултирал со појавувањето на првото важно поствоено европско филмско движење наречено [[неореализам]]. Режисерите на неореализмот првенствено се интересирале за прикажување на секојдневниот живот на обичните луѓе. Тие главно снимале на локации отколку во студио и најчесто користеле непрофесионални актери. Овие квалитети давале смел, речиси документарен изглед на неокласичните филмови<ref name="Neorealism"/>.
 
Во 1950 и 1960 година, реалните комедии се здобиле со меѓународен успех најмногу заради популарноста на италијанските филмски ѕвезди [[Џина Лолобриџида]], [[Софија Лорен]] и [[Марчело Мастројани]]. Во истиот период, [[СерџиоСерџо Леоне]] помогнал во создавањето на нов филмски жанр, иронично наречен „шпагети вестерн“.
 
Истовремено, нова група на режисери се здобија со слава од кои најважни се [[Микеланџело Антониони]] и [[Федерико Фелини]]. Виторио де Сика, Роберто Роселини и Лучино Висконти исто така продолжиле да снимат важни филмски дела. При крајот на 1900 година главните италијански режисери биле [[Роберто Бенињи]], [[Марко Белочио]], [[Бернардо Бертолучи]] и браќата [[Паоло и Виторио Тавијани]].