Француска Гвајана: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: км² → км<sup>2</sup> (2)
с →‎Сообраќај: Јазична замена, replaced: ==Транспорт== → == Сообраќај ==
Ред 111:
Голем проблем за Француска Гвајана претставуваат доаѓање на илегални имигранти од Бразил и Суринам. Границата помеѓу департманот и Суринам ја формира реката Марони, која тече низ дождовни шуми и претставува тешкотија за полицијата и француската странска армија да патролира. Француската влада започнала неколку операции во борбата протил илегалното копање на злато од рудниците во Француска Гвајана. Тоа се операциите: во 2003 година операцијата Анаконда , во 2008 и 2009 година операцијата Харпи, во 2010 година операцијата обединети сили на Харпи. Полковникот Франсоа Мулер, командантот на полицијата на Француска Гвајана, верува дека овие операции се успешни. Сепак, по завршувањето на секоја операција, бразилските рудари, ископувачи на злато, се враќаат. Веднаш по започнувањето на операцијата обединети сили на Харпи , започнала кавга помеѓу француските власти и бразилските рудари. На 12 март 2010 година, биле нападнати група на француски војници и гранична полиција, враќајќи се од извршување на успешна операција . војниците уапсиле 15 рудари, конфискувале три бродчиња и заплениле 617 грама злато, сето тоа во вредност од околу 22.317 долари. Ископувачите на злато се вратиле да повратат загубата на плен и своите колеги. Ископувачите биле предупредени со истрели, но тие успејале да повратат едно бротче и 500 грама злато.
 
== Сообраќај ==
==Транспорт==
 
Главен меѓународен аеродром во Француска Гвајана е аеродромот Кајена-Рошамбо, кој се наоѓа во општината Матури, која е јужно предградие на Кајена. Дневно има по два лета за Париз, со Ер Франс и Ер Караибе . Летот од Кајена до Париз трае 8 часа и 25 минути, а летот од Париз до Кајена трае 9 часа и 10 минути. Исто така има летови и до [[Фор де Франс]], Поант а Питр, [[Порт о Пренс]], [[Мајами]] и [[Белем]].