Хамет (филм од 1982): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
#WPWPMK
сНема опис на уредувањето
Ред 2:
 
==Синопсис==
[[Податотека:Hammett.jpg|мини|Обвивката на изданито на филмот на ДВД]]
Дејствието на филмот се одвива во 1920-те години во [[Сан Франциско]]. Хамет (го игра Форест) е поранешен [[детектив]], кој сега работи како писател на [[криминал]]истички [[роман]]и. Неговиот најнов ракопис е украден, а истовремено се случува необично [[самоубиство]] на еден угледен човек. Хамет почнува да се интересира за случајот, особено кога го посетува [[Проституција|проститутката]] Кристал Линг (ја игра Леј). Тогаш, Хамет го посетува кинескиот криминалец Фонг Веј Тау (го игра Чоу) и таму го затекнува својот пријател Џими Рајан (го игра Бојл). Хамет и Бојл успеваат да побегнат, но Хамет е веднаш уапсен поради [[убиство]]то на Кристал Линг кое се случило во неговиот стан. Истражувајќи понатаму, Хамет открива дека голем број угледни граѓани снимале [[Порнографија|порнографски]] [[Фотографија|фотографии]] со Кристал Линг. Најпосле, тие го повикуваат Хамет и му даваат задача да послужи како посредник кој ќе му ги исплати парите на непознатиот уценувач. Тој ја извршува задачата и открива дека Кристал Линг е жива и дека таа е уценувачот на богатите граѓани. Тогаш се појавува и Џими, а Кристал Линг го убива и бега со [[пари]]те. Хамет ѝ ги предава негативите на [[полиција]]та, оди дома и почнува да пишува роман.