Разлика помеѓу преработките на „Стокхолм“

Додадени 42 бајти ,  пред 2 месеци
с
Замена со правилна инфокутија, replaced: Infobox settlement → Инфокутија Населено место
с
с (Замена со правилна инфокутија, replaced: Infobox settlement → Инфокутија Населено место)
{{Инфокутија Населено место
{{Infobox settlement
|official_name =Стокхолм
|imagesize =280px
'''Клима''': Според Кепановата класификација климата на Стокхолм е умерено-континентална. Поради северната положба на градот, дневната светлост многу варира од повеќе од 18 часа во средината на летото, до само 6 часа при крајот на декември. Покрај оваа положба, Стокхолм има релативно благи температури и многу топло и сончево време во текот на целата година од поголемиот број други места на слична [[латитуда]], или дури и од некои што се наоѓаат појужно, во главно поради влијанието на топлата [[Голфска струја]]. Градот годишно има околу 1.981 сончеви часови.
 
Летата се топли и пријатни со просечна дневна температура од 20-22°С и најниска [[температура]] од 13°С, но температурата често преминува и над 25°С (77 °F). Зимите се ладни со просечна [[температура]] од -5°С до 1 °C, но исто така ретко паѓа испод -10°С. Годишната количина на [[дожд]] е 539 мм со 164 влажни денови. [[Снег]] претжно паѓа во периодот од [[декември]] до [[март]].
 
'''Води''': Стокхолм се наоѓа во близина на источниот брег на [[Шведска]], односно западниот брег на [[Балтичко Море]]. На даденото место [[Балтичко Море]] е најјужно, т.е. тука бреговите на [[Шведска]] и соседна [[Финска]] најмногу се доближуваат, што стратегиски е доста значајно. Во однос на внатрешноста исто така се гледа стратегиско значење на Стокхолм, бидејќи градот е сместен на кратката река [[Нордстерм]], која ги поврзува блиското езеро [[Меларен]] (трето по големна во државата) и [[Балтичко Море|Балтичкото Море]]. Реката исто така ги дели историските покрајни [[Упланд]] и [[Седеманланд]], па и градот е поделен измеѓу нив.
Овие околности овозможиле брз пораст и развиток на градот, посебно трговијата, така овој град во [[1600]] година ја преминал цифрата од 10.000 жители. Во [[1634]] година Стохолм и официјално станал престолнина на државата. во [[1710]] [[година]] од [[чума]] страдале околу 20.000 жители или 36%.
 
Во втората половина на [[19 век]], со појавата на индустријата и со изградбата на железничката мрежа, доаѓа до нов преокрет во градот. Стокхолм доживува благосостојба, која трае и ден денес. Како очигледна слика на тоа, тука се одржани [[Летни олимписки игри 1912|Летните олимписки игри 1912]].
 
По втората светска војна градот ги достигнал своите управни граници. Тогаш е започната масовна изградба на бројни предградија. Во нив денеска живее скоро исто толку [[население]] како и во градот.
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Стокхолм| ]]
[[Категорија:Градови во Шведска]]