Оса: Разлика помеѓу преработките

членови на редот на ципокрилците (Hymenoptera) кои не се ниту мравки, ниту пчели (спор. Q1065202, Q1076176)
Избришана содржина Додадена содржина
Создадено преведувајќи ја страницата „Wasp
(нема разлика)

Преработка од 16:03, 28 јуни 2020

Оса е било кој инсект со тесна половина од редот на мравки, пчели и оси (Hymenoptera) што не е ниту пчела, ниту мравка ; некои од нив можат да го убодат својот плен.

Најпознатите оси, како што се и стршлени, се во семејството Vespidae и се еусоцијални, односно живеат заедно во гнездо со матица и нерепродуктивни работници. Еусоцијалноста е фаворизирана од необичниот хаплодиплоиден систем на определување на пол во Hymenoptera, со што сестрите се исклучително блиски на генетско ниво едни со други. Како и да е, повеќето видови оси се солитарни, при што секоја возрасна женска единка живее самостојно. Женските единки вообичаено имаат овипозитор за положување јајца во или во близина на извор на храна за сопствените ларви, иако кај Aculeata, овипозиторот често пати е истовремено користен како боцка за убод кој што се користи за одбрана или заробување на плен. Осите имаат многу еколошки улоги. Некои од нив се предатори или опрашувачи, за да ги да се исхранат или да ги оддржат своите гнезда. Многумина, особено Chrysididae, се клептопаразити, кои лежат јајца во гнездата на другите оси. Многу од солитарните оси се паразитоидни, што значи дека тие лежат јајца на или кај други инсекти (било која животна фаза од јајце до возрасно) и честопати ги обезбедуваат своите гнезда со такви инсекти. За разлика од вистинските паразити, ларвите на оси на крајот ги убиваат своите домаќини. Осамените оси ги паразитираат скоро сите штетни инсекти, со што осите се многу важни во хортикултурата за биолошка контрола на штетници на видови како што е Aleyrodidae со домати и други култури.

Осите за прв пат се појавиле во фосилниот запис во периодот Јура, и се диверзифицирале во многу се уште живи супер-семејства до периодот Креда. Тие се успешна и разновидна група на инсекти со десетици илјади опишани видови; осите се рашириле во сите делови на светот, освен за поларните региони. Најголемата социјална оса е азискиот голем стршлен, кој е до 2 цм во должина; меѓу најголемите солитарни оси е група видови познати како Pepsini

, заедно со огромниот сколид на Индонезија (Megascolia Procer). Најмалите оси се солитарните Chalcid оси во семејството Mymaridae, вклучувајќи го и најмалиот светски познат инсект, со телесна должина од само 0.139 мм, и најмалиот познат летачки инсект, со должина од 0.15 мм.